Врската помеѓу мајката и детето е единствена по својата природа

169
Среќни деца ја изненадуваат својата мајка со подарок

Поврзаноста која постои во таа врска е незаменлива и никој не може да го заземе местото на мајката во животот на детето. Таа е сѐ: мајка, најдобра пријателка, доктор, учител и сѐ останато на кое ви текнува во овој момент.

Не постои личност која може да ја замени и не постои некој кој ќе ве сака и гледа како што го прави тоа мајката.Мајката е најголемиот заштитник на детето, таа игра огромна улога во неговото растење и развивање како личност и како таква, нејзината љубов е и повеќе од важна во емоционалната стабилност која се развива кај детето.

Што е најважно, кога станува збор за мајките, нема потреба од зборови. Тие можат да го почувствуваат тоа што вие го чувствувате и ќе најдат начин да ви помогнат како што никој тоа не може да го направи.

Таа е најважната личност во нашиот живот

На мајките им припаѓа посебно место во срцата на нивните деца, додека децата се целото срце на нивните мајки. Мајката е единствената личност која, и покрај сѐ, се стреми да го заштити своето дете, да направи да му биде подобро. Никој друг не би бдеел над нас цела ноќ кога сме болни, никој друг не би го истрпел секое наше однесување и никој друг не би се нафатил да го заземе нашето место (доколку е можно) кога сме во неволја.

Таа се грижи за нас во секоја ситуација

Способноста секогаш да се на штрек е како вродена во секоја мајка. Таа може да почувствува кога не ни е добро и тогаш нејзиниот мајчински инстинкт предизвикува таа направи сѐ што е во нејзина моќ за да ни биде подобро. Поради таа нежност и грижа, ние стануваме подобри личности, понежни, носиме повеќе љубов и грижа кон другите во нас.

Таа секогаш нè поддржува, цени и штити

Дури и кога ние самите ќе изгубиме верба во себе, мајката никогаш нема да го направи тоа. Таа секогаш нè охрабрува да бидеме подобри бидејќи знае дека го можеме тоа, но и нè критикува кога знае дека одиме по погрешен пат. Таа нè почитува и сака бескрајно, се радува на нашите успеси и нè поддржува кога го правиме првиот чекор кон нешто подобро, а нејзиниот заштитнички став кон нас е како метален оклоп пред сите други.

Таа е нашиот најголем учител

Уште од најрана возраст мајките се учители за своите деца. Почнувајќи од најосновните работи додека сме мали, па сè до оние важни совети и лекции кои нè следат во животот. И тоа учење никогаш не претставува. Таа го мисли и го сака најдоброто за нас, па нејзините совети се секогаш со најдобра намера и, и тоа како добредојдени, без разлика дали сме свесни за тоа или не. Таа е единствената личност која секогаш има мислење за сѐ што ни се случува и совет кој може да ни помогне. Таа е личноста која поминала низ сито и решето сè и за нас, па затоа и е најголемиот учител кој некогаш ќе го имаме.

loading...