Врска со Водолија | 5 причини за и против

14367

Дали нечиј хороскопски знак навистина може да нѝ открие каков е некој како романтичен партнер? Многумина веруваат во она што им порачуваат ѕвездите, но многумина не. Без оглед на овие спротивставени ставови, ќе ви дадеме 5 причини за и 5 против.

Дали да се впуштите во авантура со Водолија, Фото: Profimedia.rs

Време е да ги откриете сите романтични недостатоци и предности кои ве очекуваат кога ќе почнете да излегувате со Водолија.

ПРИЧИНИ “ЗА”

Еклектична перспектива

Сигурно не сакате да се забавувате со некој кој не е во состојба да ја види пошироката слика. Способноста да ја разбере и да ја види целата слика на Водолија ѝ дозволува да открие од каде доаѓаат другите луѓе во нејзиниот живот. Ова е клучна работа за секоја врска, особено ако се има предвид дека е неопходно да се направат одредени компромиси како таа би успеала.

Роден комуникатор

Комуникација е клучна за секоја врска, без неа нема надеж за успех. Треба да се чувствувате удобно за да зборувате со вашиот партнер за сè, а ако тој не е комуникативен, тоа никогаш нема да се случи.

Интелектуалец

Со поставување на прашања единствено може да научиме нови работи во животот и да се здобиеме со знаења. Кој не би се забавувал со лицето кое сака да научи сѐ за она што светот има да го понуди? Водолијата ќе стори сѐ со цел да ги прошири своите хоризонти и да стекне нови искуства.

Хуманитарец

Освен загриженоста за врската, Водолијата е мошне загрижена за луѓето околу неа. Водолијата е визионер кој сака да размислува за сите начини на кој може да го направи светот подобро место за живеење.

Друштвена

Водолијата сака да биде опкружена со луѓе – главно со семејството и пријателите. Вистинско олеснување е кога партнерот можете да го воведете во било која општествена ситуација без грижа за тоа дали ќе се справи. Но, не само тоа, луѓето ќе уживаат во нејзиното присуство.

%d0%b4%d0%b0%d0%bb%d0%b8-%d1%81%d0%b5-%d0%b2%d0%bf%d1%83%d1%88%d1%82%d0%b0%d1%82%d0%b5-%d0%b2%d0%be-%d0%b2%d1%80%d1%81%d0%ba%d0%b0-%d1%81%d0%be-%d0%b2%d0%be%d0%b4%d0%be%d0%bb%d0%b8%d1%98%d0%b0-001

ПРИЧИНИ “ПРОТИВ”

Сезнајко

Не обидувајте се да го наметнете своето мислење на Водолијата, бидејќи тоа нема да ја импресионира, туку само ќе ја изнервира.
Ако Водолијата не се согласува со она што имате да кажете, веројатно ниту не слуша. Тие ги прават работите на свој начин. Компромисите се клучни, а ако не сте во состојба да го направите тоа, уживајте во кратката врска со Водолија.

Повлечена

Дали сакате да се забавувате со некој кој постојано околу себе гради ѕидови. Ова може да биде многу фрустрирачки и пречка која многумина не можат да ја минат. Бидете внимателни со заљубување во некој кој има проблем со тоа да ве пушти во својот живот. Никогаш не е добро кога едно лице е малку одвоено од своите емоции.

Непостојана

Еден ден, тие се среќни со вас, а другиот не. Нестабилноста е една од оние работи кои ужасно фрустрираат. Можеби мислите дека вашиот партнер е лојален, а потоа одеднаш ќе направи нешто што не сте го очекувале.

Тврдоглава

Тврдоглавоста никогаш не е привлечна карактеристика. Водолијата не сака да ги види работите од перспектива на некој друг во поголемиот дел од времето, и тоа може да предизвика многу тензии и незадоволство во врската.

Резервирана

Зошто би се забавувале со некој на кој едноставно не му е гајле? Иако Водолијата не е ваква цело време, таа може да покаже знаци на резервираност, а кога ќе се случи тоа, работите стануваат фрустрирачки. Во моментот на конфликт, оваа карактеристика може да биде навистина грозна. Секој човек е различен, така што никогаш нема да знаете каков е во врска додека не го пробате.