Вулканот Јелоустон би можел да ги збрише САД | Видео

941

Најновото истражување на вулканот Јелоустон во американската сојузна држава Вајоминг покажува присуство на истопени карпи на околу 4,8 километри под површината на Земјата.

Таквата состојба засега не е алармантна, но со текот на годините може да се смени.

Геолозите Дејвид Менсин и Глен Матиоли во студијата објавена во списанието „Јелоустон калдера крониклс“ (Yellowstone Caldera Chronicles) наведуваат дека вулканот Јелоустон физички се напрега и тоа влијае врз обликот на вулканот.

– Вулканите се напрегнуваат исто како и луѓето. Слично на тоа, како кога имате напорен ден, па се чувствувате растргнато. Причините за деформациите можат да бидат различни – промена во притисокот врз магмата, менување на количеството на вода во езерата во близина на вулканот, наведуваат Менсин и Матиоли.

Тие посочуваат дека без оглед колку и да се мали промените, со текот на времето можат да доведат до најголеми изненадувања.

– За среќа, последните мерења укажуваат на тоа дека нема причина за грижа, заклучуваат Менсин и Матиоли.

loading...