Вечерва, промоција на романот „Танцувајќи во тишината“ од Моника Стојанова

1258

В понеделник во 19.30 часот во Салон 19.19 (Културно-информативен центар-Скопје) ќе се одржи промоција на романот „Танцувајќи во тишината“ од младата писателка Моника Стојанова.

Се работи за вториот дел од романот „Танцот на животот“ кој беше објавен минатата година и предизвика интерес кај читателите.

Романот „Танцувајќи во тишината“ е роман кој говори за љубовта и копнежот, за пријателството и неверството, за современото општество, за непознатото кое истовремено е возбудливо и опасно, за мистичноста на танцувањето…

Како и претходните промоции на книгите од Стојанова, така и оваа е осмислена како промоција која не е класична, туку претставува своевидна уметничко-сценска поставка која вклучува збор, танц, музика, глума.

Книгата ќе ја промовира прод. Д-р Виолета Арнаудова од Филозофскиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“-Скопје, а во програмата учествуваат танцовата двојка Марија Маленкова и Огнен Анѓушев од „Прима данца“, Евгенија Трифуновска и Марија Божиновска и поетот Филип Димкоски.

Програмата ќе ја води Катарина Вељанова. Настанот е од отворен тип.

loading...