Геолозите открија нов континент во Тихиот Океан

4204
Booking.com INT

Геолози востановија дека ноовооткриеното копно што се наоѓа во Тихиот Океан, близу Австралија, може да се нарече континент и го именуваа како Зеландија, јави „Дејли Мејл“.

Bitcoin Exchange CEX.IO

Во научен труд под наслов „Зеландија: Скриениот континент на Земјата“, 11 геолози од Нов Зеленд, Нова Каледонија и Австралија тврдат дека копното „ги задоволува сите четири услови да биде наречено континент“, иако 94 отсто од внатрешноста на самата површина е под вода.

Доколку ова биде и формално усвоено, ова ќе биде најмалиот континент на Земјината топка, со површина од 4,9 квадратни километри. Се верува и дека тука има големи наоѓалишта на фосилни горива.

Називот Зеландија првпат е употребен од геофизичарот Брус Лајендајк во 1995 година.

Booking.com INT Bitcoin Exchange CEX.IO
loading...