Германските експерти ги кршат митовите за замрзнатата храна “Немате поим колку неточни работи се шират за неа!”

47727

Последното нешто што повеќето вработени по напорниот ден откако ќе се вратат од работа, сакаат да го прават е кога ќе пристигнат дома да поминат 1-2 часа во подготовка на квалитетна вечера. Затоа многумина јадењата ги подготвуваат во текот на викендот, ги замрзнуваат во помали чинии, и по потреба, за време на неделата ги подгреваат во микробранова печка или во класична печка.

Некои од нас сакаат да го прескокнат процесот на лупење, сечење и сечкање зеленчук па времето го штедат со купување готови замрзнати производи, кои, според мислењето на членовите на германското здружение за исхрана, незаслужено има лоша репутација.

Тие истакнуваат дека замрзнатиот сечкан зеленчук често е подобра опција од свежиот.

loading...

– Кога станува збор за количината на витамини во зеленчукот, во замрзнатиот често може да го има повеќе отколку во свежиот – вели Ина Бокхолт од берлинскиот Институт за контрола на квалитетот на прехранбените производи.

Таа објасни дека зеленчукот замрзнат веднаш по берењето содржи многу повеќе витамини и хранливи својства од оној кој со денови стоел на полиците во продавниците или во вашата кујна. А зеленчукот спакуван во тегли или кеси? И тоа содржи помала количина на витамини од замрзнатиот.

– Свежината и хранливата вредност на производите може да се задржат ако зеленчукот брзо се замрзне во длабоко на температура од најмалку -40 Целзиусови степени, објаснува Леа Фејс од берлинскиот Институт за чување на замрзната храна.

Нема потреба за конзерванси ако храната се чува најмалку на -18 Целзиусови степени, вели Фејс. Спротивно на наведеното, корисниците мора да бидат многу внимателни ако се одлучуваат да купат готови замрзнати производи. Фејс препорачува внимателно да ги прочитаат декларациите и објаснува:

– Стотина грама стапчиња риба содржат во просек само 65 грама вистинското месо од риба. Остатокот? Претежно лебни трошки и зачини – вели.

За да бидете сигурни дека ќе ја изберете најздравата опција, прочитајте ги информациите за нутритивни вредности на замрзнатите производи, како што се пицата, замрзнатата пржена храна и месните сосови.

На прв поглед, истата храна може да содржи многу различни количини на масти и сол, во зависност од компанијата која ги произведува, вели Фејс, и додава дека е најдобро да се одлучат за производ со најмалку штетни состојки. Овошјето, зеленчукот, месото и рибата во замрзнувач траат до една година, ако тие стојат на оптимална температура од -18 степени Целзиусови.

Однапред наполнете го замрзнувачот со такви намирници за да избегнете “трчање” во продавница во последен момент кога немате доволно слободно време, советува Бокхолт, и додава дека готвените јадења, кои сами сте ги подготвиле, во фрижидер може да се чуваат во просек до три месеци.

Месото и рибата постепено одмрзнувајте ги во фрижидер, бидејќи на собна температура можат да се расипат. Во никој случај не ги одмрзнувајте во вода во која можат да се создадат бактерии. Замрзнатиот зеленчук, како брокулата и спанаќот, може веднаш да се фрли во рерна или микробранова печка, советува Бокхолт.

loading...