Главно карневалско дефиле во Струмица

1299

Околу 1.100 учесници распоредени во 38 групи продефилираа на Меѓународниот карневал што традиционално се одржува во Струмица.

Годинава, освен маските од Струмица, Радовиш, Пробиштип, Делчево и Кавадарци, на карневалот учествуваат и гости од  Албанија, Русија, Бугарија, Црна Гора, Србија и Аруба.

– Поради поклопување на православниот и католичкиот Велигден и одржувањето на традиционалните карневали во другите земји, годинава не се присутни некои наши традиционални гости од странство. Но, имаме ист број учесници, како и две атрактивни групи од Моска, Русија и Аруба.

Почетокот на карневалските денови во Струмица ветува одличен настап и на главната поворка, изјави Александар Цицимов од Организацискиот одбор на Струмичкиот карневал.

На маскенбалот, брачната двојка Александар и Соња Ташеви беа избрани за принц и принцеза кои синоќа ја предводеа главната карневалска поворка.

Денеска ќе се одржи традиционалниот детски карневал, а утре, кога е Чист понеделник, ќе биде послужен бел грав на градскиот плоштад „Гоце Делчев“. Претпладнето ќе бидат објавени најдобрите маски, а вечерта ќе биде отворена изложбата на карикатури и афоризми, учесници на 18. Меѓународен фестивал на карикатура и афоризам.

Во вторник ќе бидат доделени наградите од Интернационалната карневалски вечер и тримерската карневалска забава.

Карневалските прослави завршуваат на 1 март со одбележување на Тримерските обичаи и со концерт на ансамблот Тримери.

loading...