Голема Eко акција за собирање електронски и електричен отпад

444

ООУ „Ј.Х.Песталоци“ во соработка со Друштвото за управување со отпад „Нула отпад“, во сабота, на ден 22.04.2017 година, ќе почне голема Еко-акција за собирање електронски и електричен отпад, која пак, ќе се одржува според насоките дадени во информацијата до родителите.

Под електронски отпад се подразбира статични и лаптоп компјутери, тастатури, глувчиња, кабли, звучници, слушалки, домашни телефони и мобилни телефони, МП3 плеери, монитори, телевизори, дигитални камери и видео-камери, принтери, скенери, факс-машини и стерео системи, додека под електричен отпад се подразбира шпорети, машини за перење облека и садови, греалки и грејни тела, микробранова печка, машина за правење леб, апарат за кафе, други апарати од домаќинство, како и клима-уреди.

Се повикуваат родителите на нашите ученици, но, и граѓаните на Општина Центар да ги пријават или донесат старите електрични и електронски апарати од домаќинствата, од кои сакаат да се ослободат.

loading...

Еко одбор

loading...