Голем како зграда | Астероид ќе прелета “за влакно” покрај Земјата | Видео илустрација

1453

Астероид голем помеѓу 15 и 30 метри пет години се криел во вселената, а сега знаеме дека ќе ја утне Земјата за 44.000 километри. Ако Земјата му беше на патот, ударот би бил како оној над Чељабинск.

Астероидот со големина како помала зграда на 12 октомври ќе ја промаши Земјата за само 44.000 километри, а сега астрономите прв пат го забележале по пет години и тоа со помош на ЕСО телескопите во Чиле.

Астероидот 2012 TC4 е голем помеѓу 15 и 30 метри и ова блиско поминување ќе биде одлична можност за астрономите да дознаат повеќе за неговата орбита и состав, наведува Европската вселенска агенција. Инаку оваа карпа ќе биде околу девет пати поблиску од Месечината.

loading...

Кога беше откриен во 2012 година, астероидот оставил голем број на прашалници. Поради големата орбита, астрономите знаеле дека нема да можат да го следат пет години, и не биле целосно сигурни колку ќе нѝ се доближи. Ова растојание од 44.000 километри речиси е на ниво на најоддалечените сателити во орбитата.

Ако случајно Земјата му била на патеката астероидот би предизвикал оштетување слично на она кој експлодира над Чељабинск во 2012 година.

Image result for 2012 tc4 size gif

loading...