Горила убиена во Зоолошка градина за да спаси четиригодишно дете | Видео

448

Безбедносната служба на Зоолошката градина во американскиот град Синсинати застрелаа едно од горилата во градината, откако четиригодишно дете паднало во просторот каде биле сместени животните.

Детето се качило на оградата, но паднало во три метри длабокиот простор уреден за чување на овие големи мајмуни.

Во соопштението на управата на Зоолошката градина се вели дека одлуката да биде усмртено животното е донесена откако било заклучено дека 180 килограми тешката горила ќе го убие детето.

По паѓањето во просторот, детето било одвлечано од 17 години стариот мажјак, кој го чувал кај себе момчето околу десет минути.

По застрелувањето на големото диво животно, детето било итно префрлено во болница.

Властите не го соопштуваат идентитетот на детето, ниту јавуваат за степенот на неговите повреди, но лекарите соопштитиле дека момчето било префрлено на домашно лекување.

– Моравме да донесеме тешка одлука за застрелувањето на горилата, но требаше да се спаси животот на детето, изјави за локалните медиуми во Синсинати, директорот на Зоолошката градина Тејн Мајнард.

Во просторот за горилата имало и две женки, но тие не се заинтересирале за детето кога тоа неочекувано се нашло меѓу нив.

Усмртената горила е родено во една Зоолошка градина во Тексас, а од 2014 година е во градината во Синсинати.

loading...