Го кремирале дедото по неговата смрт, а по два месеца се појавил на врата со завој на главата!

2450

Едно семејство од Мексико имаше една несекојдневна случка кога нивниот дедо го пронашла полицијата неколку месеци по неговото кремирање.

Се покажало дека Migel Anhel Gomar De Luna (74) избегал од старечкиот дом и отишол на пијалок, спиел надвор и молел за уште пари за да си дозволи себеси пијалоци. По неколкумесечна потрага по него во студениот зимски период, полицајците пронашле тело кое одговарало на неговиот опис.

Неговата ќерка ги видела фотографиите од труп, но тој бил во толку лоша состојба што тешко можела да го препознае својот татко. Меѓутоа, под притисок на полицијата, таа потпишала документи кои ја потврдиле неговата смрт. Неколку дена подоцна, погребот се одржал и телото е кремирано и вратено на семејството.

loading...

Меѓутоа, на 24 февруари оваа година, семејството добило уште еден повик. Им беше кажано дека Мигел е пронајден жив. Тој дошол дома пијан од болницата, во завои заради повреди на главата кои ги добил за време на неговото “отсуство”.

“Тие мислеле дека сум мртов, но јас едноставно одев и одев”, рече Мигел.

Семејството било шокирано кога полицијата им кажала дека е лоциран на улица.

Не е познато чие кремирање било извршено.

loading...