Го обновија производството на стариот Хамер поради богатите Кинези | Видео

737

Хамер Н1, кој првпат беше лансиран како цивилно возило во 1992 година, повторно се произведува во оригинално издание по 10 години од прекинот на производството. 

Робусниот теренец, кој се темели на американското воено возило Humvee ќе се произведува во погон на компанијата VLF Automotive во Мичиген во САД, а се планира до крајот на 2017 година од фабричката лента да се симнат до 100 примероци на овој автомобил во верзијата С-Series, пренесува Б92. Обновениот Н1 ќе се продава во Африка, Европа, Блискиот исток и Кина, а се очекува дека најмногу возила ќе завршат во рацете на кинеските богати купци, поради што официјалната премиера на стариот-нов Хамер е одржана токму во авто салонот во Шангај, во април.

Зад овој деловен потфат стои група на финансиери и бизнисмени, вљубеници во Хамер, кои се собрани во компанијата VLF Automotive. Тие за потребите на организацијата за производство и пласман на возилата, го ангажирале поранешниот потпретседател на Генерал Моторс, Боб Лук.

loading...

Возилото кое е претставено во Шангај изгледа исто како оригиналниот Н1.

Купувачите можат да бираат меѓу една бензинска и три дизел верзии. Бензинецот е 6,2 литарски V8 со 430 КС, додека 6.5 литатскиот V8 дизелаш е достапен во варијанти со 190 КС, 205 КС и 250 КС.

Цената не е соопштена.

loading...