Го повикуваат кога треба да се истера ѓаволот – но, тој не е свештеник… | Видео

1957

д-р. Ричард Галагер не мислел дека некогаш ќе оди по тој пат, но овој психијатар денес е десна рака на свештениците, истерувачи на демони и им помага да утврдат дали пациентот е опседнат или е “само” болен.

Една мала група на чесни сестри и свештеници доаѓаат во капела една јунска вечер. Иако надвор е жешко, во собата буквално може да се почувствува студ. Додека свештениците започнуваат со молитва, жената околу која се собрани паѓа во транс – а потоа како под притисок се враќа назад во живот.

Зборува со многу различни гласови – еден е длабок и машки, другиот е висок и женски, а третиот неутрален и изговара зборови на латински. Кога некој ќе ја попрска со обична вода, не реагира. Но, кога ќе ја посипе со света вода, вреска во агонија.

loading...

– Оставете ја на мир е..н свештенику. Престанете курви, ќе зажалите – машки глас зборува како од бунар.

Веројатно сте го слушнале ова или сте го виделе порано – душа зафатена од сатаната, свештеник кој над неа мавта со распетието и деформираната жртва која агресивно ги напаѓа. Филмовите и книгите толку пати го опишувале егзорцизмот што тој веќе станал клише.

Но, ова не е оној филмски, туку е вистински егзорцизам и вклучува лик кој обично не се гледа во традиционалното сценарио кое го вклучува ѓаволот.

Д-р Ричард Галагер е врвен образован психијатар, кој предава на Универзитетот Колумбија и на Њујорк универзитетот по медицина. Тој беше дел од тимот кој се обиде да ѝ помогне на жената.

Опседнатоста со Сатаната е вистинска

Борбата против потчинетите на сатаната не била дел од планот во кариерата на Галагер, додека тој студирал медицина на Јеил. Тој знаел за библиските прикази со демонска опседнатост, но ги сметал за обид со борба со психичките и здравствените нарушувања на древните култури, како во случаите на епилепсија и слично. Ричард со гордост се нарекува “човек на науката”.

Меѓутоа, денес, тој стана некој друг, човек чија помош ја бараат истерувачите на демони ширум САД. Тој тврди дека, иако е лекар, опседнатоста е реалност. Ги видел доказите – жртви кој одеднаш зборуваат на совршен латински, а претходно никаде немале можност да го слушнат, сакрални објекти кои сами летаат од полици, луѓе кои покажуваат “скриено знаење”, како на пример тајни за луѓето кои едноставно немале начин да го знаат тоа, пишува CNN.

– Видов една жена на околу 40 килограми како се цеди во пот и во ѕид фрла човек два пати потежок од себе. Тоа не е психијатриски случај, тоа ја надминува психијатријатавели.

Галагер себеси се нарекува “советник за опседнувања”. Во текот на последните 25 години им помага на членови на редови во разликувањето на менталните нарушувања од демонска опседнатост. Смета дека видел повеќе случаи на опседнатост од било кој друг лекар во светот.

Кога и да ми треба помош, го повикувам – вели свештеникот Гери Томас, еден од најпознатите егзорцисти во САД, а токму на неговото дело се темели филмот The Rite.

– Тој е високо почитуван во својата област и не е како другите терапевти, кои се или атеисти или агностиците – додава Томас.

Кога станува збор за случаи на опседнатост, Галагер звучи како да го опишува растот на алгите во океаните – неговиот тон е отсечен, говорот сув и клинички и се допира само со факти. Поседувањето, вели тој, е ретко, но, вистинито.

Некои од неговите критичари, пак, велат дека тој е опседнат со своите делузии. Зборуваат дека за сѐ она на што сведочел се “евтини салонски трикови” од луѓе на кои најверојатно им треба терапија, но не и егзорцизам, бидејќи не постојат емпириски докази дека сатаната е реалност. Сепак, една од најголемите мистерии не се однесува на она што Галагер видел, туку начинот на кој се развил – од човек кој верува само во науката, до оној кој е вовлечен во светот на демонските опсаднувања.

Неговиот краток одговор на тоа е “Се запознав со кралицата на Сатаната.”

Застрашувачка средба со злото

Тоа била средовечна жена која носела темна облека и шминка. Би можела да биде многу шармантна кога тоа би го посакала, но таа е член на сатанскиот култ. Се нарекувала за нивна кралица, но Галагер ја нарекувал Јулија. Прв ѝ пришол локален свештеник, убеден дека е опседната од демон и ја упатил на егзорцист. Тој егзорцист побарал помош од Галагер.

Но, зошто обожавател на ѓаволот би сакал да се ослободи од него самиот?

– Таа била во конфликт, дел од нејзината личност сфаќал колку е во неволја и сакал да биде слободен. Тоа е еден од првите случаи на кои работев и целосно тоа ме променило – открива.

Тој помогнал во собирањето на тимот кој жената требало да ја ослободи од опсесија. Предметите летале околу неа, а таа ги напаѓала сите кои учествувале во егзорцизмот, напаѓајќи ги со детали кои не можела да ги знае – на Галагер му кажала дека неговата мајка починала од рак на јајниците, бидејќи била лоша и дека неговите мачки минатата ноќ не се бореле без причина – туку заради ѓаволот.

Јулија пронашла начин да допре до него, иако не била физички во контакт со него – една ноќ на телефон зборувал со еден свештеник од случајот на Јулија и тие двајца одеднаш слушнале демонски глас кој им бил познат од претходните сеанси со Јулија.

Тој вели дека никогаш не се плашел. Иако знаел колку сето тоа е бизарно, бил убеден дека е на “победничката страна”.

Научникот кој верува во демони

Тој одлучно тврди дека е секогаш на страна на науката, а во опсаднувањата не верува бидејќи е католик, туку поради тоа што се обидува да ги следи доказите. Современото христијанство не ја смета верата и науката за контрадикторна – веруваат во опседнатоста, но исто така и во еволуцијата, глобалното затоплување и разни други работи.

loading...