Група пливачи по првпат го препливаа Мртвото Море | Фото/Видео

1365
Booking.com INT

Дваесет и шест храбри пливачи, пркосејќи и на вонредно солената вода, успеаја да го препливаат Мртвото Море од јорданскиот до израелскиот брег, што е прв таков потфат кога било преземен.

Bitcoin Exchange CEX.IO

Настанот е организиран од асоцијацијата „Еко-Пис“, а пливачите растојанието од 15 километри го препливаа за седум часа, пренесува Хина.

%d0%b3%d1%80%d1%83%d0%bf%d0%b0-%d0%bf%d0%bb%d0%b8%d0%b2%d0%b0%d1%87%d0%b8-%d0%bf%d0%be-%d0%bf%d1%80%d0%b2%d0%bf%d0%b0%d1%82-%d0%b3%d0%be-%d0%bf%d1%80%d0%b5%d0%bf%d0%bb%d0%b8%d0%b2%d0%b0%d0%b0-%d0%bc

– Беше потешко отколку што очекував. Комбинацијата од Сонцето и сол на кожата е многу иритирачка, како цело време да горите, изјави 40-годишниот Шпанец Самуел Моран.

Експертите предупредуваат дека водната површина што на пример, во однос на густината и концентрацијата, содржи десетпати повеќе сол од Средоземното Море, би можела да пресуши до 2050 година.

%d0%b3%d1%80%d1%83%d0%bf%d0%b0-%d0%bf%d0%bb%d0%b8%d0%b2%d0%b0%d1%87%d0%b8-%d0%bf%d0%be-%d0%bf%d1%80%d0%b2%d0%bf%d0%b0%d1%82-%d0%b3%d0%be-%d0%bf%d1%80%d0%b5%d0%bf%d0%bb%d0%b8%d0%b2%d0%b0%d0%b0-%d0%bc

– Овој настан е организиран за да се подигне свеста за негово зачувување, истакна Гидеон Бромберг, директор за „Еко-пис“ за Блискиот Исток.

Според израелскиот хидролог Јечиели Јосеф, исушувањето на Мртвото Море започна во 60-те години на минатиот век, кога Јордан, Сирија и Израел го сменија природниот тек на реката Јордан, заради наводнување.

Booking.com INT Bitcoin Exchange CEX.IO
loading...