“Дали е ова крајот на светот?” Мистериозна инвазија на октоподи | Видео

4183

… Што се случува во Велс? “Се плашам дека самиот факт што ги пронајдовме надвор од морето, е знак дека нешто не е во ред”, изјави шефот на Националниот морски аквариум во Плимут.

Неколку десетици октоподи излегле во последниве три ноќи на плажата во New Quay на брегот на Велс и ги шокирале локалните жители, кои никогаш порано не го доживеале овој феномен. Октоподите кои живеат во овие води можат да пораснат до 50 см и обично се наоѓаат само во длабочините од 3 до 100 метри. Некои се пронајдени мртви.

Брет Џонс, шефот на поморските експедиции во кои ги посетуваат делфините, рече дека ги видел за првпат кога се враќал од излет по зајдисонцето.

loading...

Тоа беше како во некое сценарио за крај на светот. Ги имаше околу 20 или 25 на плажата. Никогаш не сум ги видел надвор од водата”, рече тој и додава дека е исклучителна реткост да се видат октоподите на суво, известува Гардијан.

– Којзнае, можеби ги збунува светлината на пристаништето, можеби умираат по завршувањето на летото или ги зашаметиле последните бури – рече тој.

Џонс рече дека, според неговото искуство, ваквите октоподи обично се кријат во карпи два или три метра под површината. Тие се обиделе да ги вратат овие суштества назад во морето.

“Ги зедовме оние кои беа сосем на суво и ги вративме во морето. Се надевам дека успеавме да ги спасиме”, рече тој.

Но, нивниот обид не беше доволен да ги спасат сите. Затоа, тој побарал и од другите луѓе на плажата да помогнат и да ги вратат октоподите во морето, но ги предупредил: “Ставете ракавици, гризат како луди.

Шефот на Националниот морски аквариум во Плимут, Џејмс Рајт, предупредил дека необичната појава е знак дека нешто не е во ред со октоподите.

“Се плашам само дека самиот факт дека ги пронајдовме надвор од морето е знак дека нешто не е во ред. Областа каде што го гледаме ова чудно однесување е подрачјето што го зафатија бурите Офелија и Брајан, па можеме да претпоставиме дека тие влијаеле на нив. Можеби се повредени во големите бури или станале подложни на промена при атмосферскиот притисок – додал Wright.

Морскиот биолог Steve Simpson изјави дека е “многу чудно и неверојатна реткост” октоподите на овој начин да излегуваат од морето на сувиот брег. Тој вели дека октоподите се многу ранливи на копно и тешко е да се замисли дека на него пронашле нов извор на храна.

loading...