Дали некогаш после добар секс сте завршиле во болница | Фрактури на пенисот | Фото

1073
Booking.com INT

Најопасна поза во сексот е онаа кога жената е горе, се наведува во најновите научни истражувања.

Bitcoin Exchange CEX.IO

Научниците откриле дека оваа позиција е причина за сите фрактури на пенисот во спалната соба.

Студијата исто така покажа дека doggy style позата, кога жената е на сите четири, а машкото влегува од позади, не е безопасна, и е причина за 29 проценти од сите несреќи за време на сексот.

Традиционалната мисионерска поза, каде што машкото е од горе, е одговорна за 21 отсто од несреќите.

Половина од мажите подоцна изјавиле дека најпрво слушнале дека нешто пукнало, па дури тогаш ја почувствувале болката, а некои пријавиле и отоци.

Просечната старост на мажите кои биле предмет на истражувањето е 34, а многумина од нив чекале шест часа пред што побарале лекарска помош.

– Нашата претпоставка е дека кога една жена е горе, ги контролира движењата само на своето тело, но со оглед дека не ја чувствува болката и трпи само полесни повреди, не може на време да реагира. Сосема е различно кога машкото го контролира сексуалниот однос, односно кога е од горе. Може подобро и на време да го запре кога ќе ја почувствува болката, велат истражувачите.

Во истражувањето, кое траело 13 години, учествувале 44 мажи со скршени пениси во три болници од Campinas, тримилионискиот бразилски град.

Booking.com INT Bitcoin Exchange CEX.IO
loading...