Канцерофобија – како да се справите со стравот од рак

1511

Дали некогаш сте забележале невообичаена болка некаде во телото, промена на кожата која се појавила без некоја очигледна причина, кашлица која не поминува ниту со лекови или можеби необјаснив замор? Што тогаш ви поминуваше низ главата?

Покрај невролошките болести, ракот е една од болестите од кои повеќето луѓе се плашат. Иако смртноста, на пример, на кардиоваскуларните болести е повисока, интересно е како за нив обично не размислуваме.

Но, тие често не водат до големи страдања и инвалидитет, додека нашите први мисли кои ги поврзуваме со ракот се болни медицински процедури и нивните непријатни несакани ефекти, зависност од другите, очај и неизбежна смрт.

Стравот од тоа да се разболиме од рак, од една страна, е многу корисен, бидејќи нè охрабрува да вршиме редовни медицински прегледи и здрав начин на живот. Сепак, се чини дека некои луѓе премногу стравуваат од него, што може да ги спречи во нивното секојдневно функционирање.

Кога стравот од рак станува проблем?

loading...

Често е тешко да се утврди границата помеѓу нормалните и патолошките здравствени проблеми. Сепак, можеме да бидеме сигурни дека стравот презел премногу замав доколку:

  •  силно се вознемириме кога ќе слушнеме дека ракот се спомнува на телевизија кога треба да посетиме болен пријател, кога ќе забележиме невообичаена сензација во телото и сл.
  •  ако многу сме убедени дека ќе се разболиме од некој вид на рак (иако вистинскиот ризик е значително помал) или дека од него сосема сигурно би умреле (иако од таа форма на рак повеќето луѓе успешно се излекувани)
  •  трошиме многу време и енергија за проверки и разубедување (на пр. честите посети на лекар) или активно избегнуваме ситуации кои не потсетуваат на болеста (на пр. не одиме на лекар дури и ако подолго време имаме некој симптом)
  •  тоа ни го отежнува функционирањето на работата/ факултетот/училиштето, во семејството, меѓу пријателите или во други важни области од животот.

Ако овие проблеми траат подолго од 6 месеци, во нивното решавање на лицето најверојатно би му користела помош на специјалист. Луѓето со страв од рак во советувалиште обично се јавуваат кога стравот станува премногу оптоварувачки, при што видливо е дека се појавува во склоп на разни ментални нарушувања.

Различни лица на страв од рак

Овој страв може да биде во форма на специфична фобија наречена канцерофобија.

Луѓето со канцерофобија секаква промена во телото ја толкуваат на катастрофален начин (нпр. при појава на непријатност во стомакот веднаш помислуваат дека имаат тумор) и во повеќето случаи се обидуваат да избегнуваат ситуации кои го предизвикуваат нивниот страв (нпр. медицински преглед).

Размерите на избегнување понекогаш се толку драматични што дури лицето ги одрекува јасните симптоми и одбива медицинска помош! Освен стравот од рак, овие луѓе не укажуваат на други загрижености. Таков изолиран страв се појавува многу ретко, а многу почесто го гледаме како дел од други нарушувања.

На многу луѓе кои се борат со овој страв се дијагностицира анксиозно растројство поради болеста. Тие се обземени со размислување дека имаат или можат да развијат болест, иако често немаат никакви симптоми. Симптомите и можат да бидат присутни, како и во случај на еден клиент кој се пожалил на зуење во ушите, боцкање и стомачна болка. И покрај уредните наоди, тој се плашел дека лекарите направиле превид во однос на нешто опасно како што се мултиплекс склерозата, венската тромбоза или ракот. Тој верувал дека ракот е како настинка – многу раширен и секој може да го добие. Затоа, тој бил постојано на штрек и ги слушал сомнителните внатрешни сензации, ги проверувал зениците во огледало “googlal” симптоми и барал успокојување од семејството.

Стравот од рак, исто така, може да биде дел од генерализирано анксиозно растројство. Покрај здравјето, овие луѓе се грижат за мноштво други работи. Една од клиентите била толку уплашена дека како и нејзината мајка, би можела да се разболи од рак на мозокот, и многу вознемирена секогаш кога чувствувала главоболка. Сепак, многу време проведувала и во грижа за успех на факултетот, идната работа, изборот на партнери и други проблеми и несреќи кои можеле да и се случат, и постојано чувствувала дека е “на работ на нервите”.

Стравот од рак, исто така, може да се случи во рамките на опсесивно-компулсивно нарушување. Работевме со една млада жена која се занимавала со идејата дека таа, нејзиниот сопруг или децата би можеле да добијат рак ако организмот го изложат на некаков канцероген. Секој контакт со потенцијално опасен објект крајно ја вознемирвало, така што секој пат кога влегувала во куќата, уште од вратата ја соблекувала целата “контаминирана” облека, ја ставала на перење, а потоа се туширала по 2-3 часа (дури и неколку пати на ден). Куќата темелно ја чистела секој ден, на семејството не му дозволувала да јаде јаболка (затоа што тие содржат пестициди) и не било дозволено да и пријде ниту нејзиниот татко, кој поради рак бил третиран со радиотерапија (бидејќи би можел да ги изложи на радијација).

Третман против стравот од рак

Луѓето кои се борат на сличен начин со загриженоста за здравјето веројатно тешко ќе го победат овој проблем. Се препорачува да се побара помош од експерти – психотерапевти, а меѓу многуте форми на третман особено се покажалаконгнитивно-бихевиоралната терапија (КБТ).

loading...