Дали ова е најголемото куче на светот? Висок е 96,5 см, а тежи 103 килограми

2674

Зевс, германска дога, која од 2011 година ја држеше титулата за најголемо куче во светот, за жал, веќе не е меѓу нас. Новиот рекордер треба да биде Бентли, куче високо 96,5 см и тежи…

Неговото име е Бентли и веројатно е најголемото куче во светот. Ова го велат сопствениците на германската дога од Пенсилванија, висока 96,5 см и тешка 103 килограми. Секој месец јаде 50 кг храна за кучиња.

Според wgntv.com Бентли наскоро ќе се обиде да го урне Гинисовиот рекорд и официјално да стане најголемото куче во светот.

Актуелниот рекорд го држи, исто така, германска дога, висока 1,118 метри, но за жал Зевс кој е најголем во светот од 2011 година, веќе не е на овој свет.