Дали сте го пробале најсилниот пијалак кој ги топи маснотиите на стомакот? (Рецепт)

878

Овој мелем (или како што многумина го нарекуваат, и пијалак) ги елиминира вишокот на мастите и водата од телото, ја подобрува функцијата на мозокот, ја подобрува меморијата, го подобрува слухот и видот …

Главните состојки на овој рецепт се свежиот рен (ѓумбир), непрсканите лимони со кора и мед. Веќе многу е зборувано за медот и лимонот, па затоа сега, пред рецептот, кратко ќе се осврнеме на ренот.

Во исхраната најчесто се користи коренот на ренот, но исклучително се вкусни и малку зачинети млади листови од растението. Поради својот состав (витамин Ц, калиум, витамин Б1, витамин Б6, железо, калциум, витамин Б2, магнезиум, фосфор, …). Ренот освен гурмански, одличен е и како лековито средство.

Неизоставен е како додаток на разни други јадења, особено со масна храна, бидејќи помага полесно да се вари. Ренот го чисти организмот, го забрзува метаболизмот, го намалува уморот и најмногу се препорачува за дијабетичарите. Го поттикнува размножувањето и развојот на корисните бактерии во цревата.

Свежиот корен може да се користи во текот на годината, ако навремено се закопа во влажен песок или се чува во подрум. Ако имате поголем корен, можете да изрендате потребната количина, а остатокот да го завиткате го во алуминиумска фолија и да го оставите во фрижидер во кутија за зеленчук.

Ако сакате да ренданиот рен да остане свеж и по три недели, измешајте го со лажичка шеќер и 4 лажици сок од лимон или оцет. Во добро затворената тегла, ренот може да стои во фрижидер до 3 недели.

РЕЦЕПТ НА ПИЈАЛОКОТ ЗА НАМАЛУВАЊЕ ТЕЖИНА

  • 125 гр рен (ѓумбир)
  • 3 лимони (Кои претходно ќе ги закиселите во малку вода и една лажица оцет. Треба да отстои 10 минути за да ги измие пестицидите од него)
  • 3 лажици мед

Постапка
Измиксирајте во блендер 125 грама рен (ѓумбир). Земете ги 3те лимони, исече ги, извадете го семето од нив, па во комбинација со кората, исто така, измиксирајте и помешајте со ренот. Во тоа додадете три лажици мед и сѐ измешајте добро.

Чувајте го овој пијалок во затворен сад во фрижидер. Земајте по една лажичка мелем два пати на ден со оброк. Земајте го овој мелем во текот на 3 недели и гледајте како обемот на половината се намалува.

loading...