Дали сте подготвени за секс? Видео

3387

Сексуалното изразување е природна дарба. Сексот на многу различни начини може да ја искаже љубовта, да биде форма за давање и примање задоволство, и да биде начин да се запознаеш себеси, а воедно и начин да се комуницира со други луѓе.

Тој е лично и интимно прашање и право. Не секогаш може да влијае позитивно. Некогаш на некои луѓе сексот им влијае емоционално ранливо. Половото изразување е твој избор, дали ќе имаш секс со непознат, со личноста со која си во врска или со повеќе во исто време.

Не секогаш главна причина за првиот секс е психичката подготвеност, но најдобро е кога ќе се чувствуваш подготвено и сигурно одбирајќи ја вистинската личност за испраќање невиност.

Некои студии велат дека, најважно е да не се врши притисок за да се добие секс или за време на сексот, затоа што може да повреди нечии чувства поради неподготвеност или поради не постигнатите очекувања од страна на партнерот, дури и да сте имале полови односи пред тоа. Секој треба да има контрола над своето тело.

Најдобар начин да се подготвите за одлуката да имате секс е да ви стане удобно и убаво, комуницирајќи за вашите потреби. Всушност, најдобриот начин за учествување во некоја сексуална активност е да бидете сигурни дека вашите граници се сфатени и почитувани од партнерот, кој не сака да ве добие само вас и вашето тело туку ќе разговара со вас за вашите потреби и грижи. Комуникацијата може да биде корисна пред да имате секс, бидејќи и двајцата ќе бидете сигурни на што сте. Доколку не сте подготвени, изборот е ваш.

Сексот може да ви донесе нови чувства, затоа треба да размислувате за вашите реакции, емоции и можни ризици за секој пат кога ќе имате однос со нова личност.

Секогаш одвоето време за размислување за искуство кое може да биде прекрасно и волшебно, но и емоционално тешко.

Image result for sex gif

Можеби овие прашања ќе ви бидат корисни:

  • Како ќе се чувствувам откако ќе имам секс?
  • Зошто е добра помислата да имам секс сега, со овој човек?
  • Како ќе се чувствувам кон мојот партнер после сексот?
  • Можам ли да разговарам со партнерот за заштита од бременост и болести?
  • Дали сексуалниот партнер ова ќе го чува како тајна (доколку вие сакате)?

Доколку сте неискусни и нови во оваа гранка од природната еволуција, разговарајте со вашиот партнер и поставете му ги сите прашања кои ќе ве подготват и ќе направат да се чувствувате посигурно.

Како и да е, денес или утре, или за неколку недели или месеци, можеби и години, тоа најверојатно ќе се случи. Ќе имате секс.

Изборот да апстинирате од секс на кратко или подолго време е ваша одлука. Доколку сте уплашени и се чувствувате неподготвени тогаш одлуката за вас е правилна и стоете на зборот. Ваше тело – ваш избор.

Исто така, во вашиот живот во игра може да влезе асексуалноста. Тоа е недостиг на сексуална желба и привлекување. Тоа е сосема нормално и се појавува во некои периоди во животот. Доколку се чувствувате загрозено и уплашено, обратете се кај вашиот доктор.

На крајот од краиштата, сексот нека биде во вашата омилена поза, со вашето омилено вино, со вашите волшебни колачина, додека во позадина свири вашата песна. Водете љубов и чувствувајте се возвишено. Задоволствата го подобруваат нашето здравје и не прават посреќни и позадоволни.

loading...