Дванаесет славни лица кои не ги интересираат компјутери, интернет и социјални мрежи

2966
Booking.com INT

Додека многу славни лица од Холивуд се активни на социјалните мрежи, мала група од нив не сакаат никаква врска со технологијата. 

Bitcoin Exchange CEX.IO

Американскиот комичар Луис Си Кеј подолго време изразува противење на употребата на мобилни телефони, бидејќи, како што рече во едно интервју во 2013 година, мобилните ја нарушуваат човечката способност за сочувство.

Оскаровецот Кристофер Вокен, зборувајќи за филмот „The family fang” рече дека не користи компјутер. Толку е надвор од технолошката револуција што во една прилика продуцентот од филмот за време на снимање му позајмил телефон. По завршувањето на снимањето на филмот, Вокен го вратил телефонот.

Christopher Walken

Американската глумица Винона Рајдер во интервју од 2010 година, изјави дека не користи интернет, а истата година призна дека и компјутерот ретко го користи. „Имам меил на БлекБери и тоа е тоа” – рече ѕвездата од серијата „Stranger Things”.

Winona Ryder

Анџелина Џоли пред неколку години призна дека дури не знае да вклучи компјутер. „Мојот мозок е премногу распрснат, жиците ми одат во различни насоки. Читам каталози” – истакна славната глумица.

Angelina Jolie

Нејзиниот поранешен сопруг Бред Пит не е многу поинаков. Славниот глумец изјави дека не знае да користи компјутер и дека не сака да учествува во „машина за публицитет”.

Brad Pitt

Британскиот музичар Елтон Џон неодамна изјави дека интернетот треба да се изгаси на пет години. „Да излеземе на улиците и да протестираме наместо да седиме дома и да пишуваме блогови” – рече Елтон Џон за британскиот весник Sun.

Elton John

Џорџ Клуни е голем противник на Фејсбук и Твитер. „Попрво би имал ректален преглед во живо на ТВ отколку да направам Фејсбук страница” – истакна Клуни. Во интервју за Esquire вели дека секое славно лице кое има профил на Твитер за него е морон.

George Clooney

Глумицата Рејчел МекАдамс во 2009 година призна дека вести слуша на радио, бидејќи нема телевизија и дека не знае како се праќаат меилови.

Rachel McAdams

Еминем во 2010 година за Spin изјави дека не сака да користи компјутер, бидејќи во тој случај константно ги читал коментарите за себе што, како што рече, го довело до лудило. Иако се придружил на Твитер во 2009 година, до сега твитнал само 642 пати.

Eminem

Глумецот Џеки Гиленхал во 2014 година во разговор за USA Today изрази фрустрација поради тоа што луѓето денес постојано гледаат во своите мобилни наместо да комуницираат едни со други.

Jake Gyllenhaal

Џенифер Лоренс во 2014 година за Би-Би-Си Радио 1 изјави дека идејата за Твитер и е неподнослива. „Не сум добра со телефоните и технологијата. Едноставно не можам да држам чекор со тоа, така да идејата за Твитер ми е незамислива” – вели Лоренс.

Jennifer Lawrence

Ѕвездата од серијата „Сексот и градот” Сара Џесика Паркер во 2013 година за Е! News соопшти дека воопшто нема мобилен. Исто така рече дека не гледа смисла во постојано фотографирање за социјалните мрежи.

Sarah Jessica Parker
Booking.com INT Bitcoin Exchange CEX.IO
loading...