Два вида ретки Амур леопарди родени во Англија | Видео

418

Два ретки видови Амур леопарди родени се во зоолошката градина Твикрос во Велика Британија.

Оваа зоолошка градина објави на својата веб страница фотографии од две младенчиња кои се уште не се именувани, а на посетителите им се овозможува да ги видат по пат на камера која ја снима внатрешноста на живеалиштето и ги прикажува на голем екран кој се наоѓа на предниот дел на кафезот.

Амур леопард1-001

loading...

Се верува дека овој загрозен вид на леопарди е на работ на истребување, затоа што, како што се наведува, во дивината живеат близу 70, додека во зоолошките градини во целиот свет има околу 200.

Овие младенчиња се втора двојка која ги родила мама Кристен, додека првата двојка младенчиња, по име Арина и Алексеј,  се родени во 2014 година.

Амур леопард3-001

Сепак, се верува дека овој редок вид леопарди ќе преживеат.

loading...