Двојка која предизвика вистински метеж на стадионот во Пјонгјанг | Се фотографирале, давале интервјуа, но на крај исфрлени: “Нели гледате дека се согласуваме”

623
Booking.com INT

Двојниците на американскиот и севернокорејскиот претседател Доналд Трамп и Ким Јонг Ун предизвикале вистински метеж на трибините за време на отворањето на Олимписките игри во Пјонгјанг, пред да бидат изнесени од стадионот.

Bitcoin Exchange CEX.IO

Лицата кои биле многу слични на Трамп и Ким Јонг Ун се појавиле заедно на еден дел од трибините, се фотографирале и дури и одговарале на прашања.

“Гледате дека сепак се согласуваме”, рече двојникот на Ким, кој од стадионот го изнесоа чуварите, додека тој викаше: “Чувајте ми ја сестрата”.

На свеченоста на отворањето присуствуваше и сестрата на јужнокорејскиот водач Ким Јо Јонг, која седеше неколку метри оддалечена од американскиот вицепремиер Мик Пенс.

На свеченоста на отворањето се случил уште еден испад кога на теренот успеал да влезе еден непознат маж, кој се прикраде пред заедничката корејска делегација на дефилето.

Мажот сакал да влезе на теренот на Олимпискиот стадион и да развие транспарент со очигледна политичка порака, но се лизнал на мразот, а потоа го совладале и исфрлиле безбедносните сили.

Booking.com INT Bitcoin Exchange CEX.IO
loading...