Деведесетгодишна Русинка врши четири операции неделно | Фото

1249
Booking.com INT

Алла Ильинична од рускиот град Рјазањ има 89 години и официјално е најстариот хирург на светот.

Bitcoin Exchange CEX.IO

И по повеќе од 10.000 операции, оваа бабичка нема намера да се пензионира.

Со медицина се занимава полни 67 години, од кои првите 30 ги поминала како дел од теренски тим лекари задолжени за поизолираните средини.

Денес таа работи во локалната болница во Рјазањ во источна Русија и врши четири операции неделно.

– Да се биде доктор не е само работа, тоа е начин на живот. Ако јас престанам да работам, кој потоа ќе оперира?, со насмевка вели Илинична.

Вели дека лек за бесмртност не успела да измисли, но очигледно има рецепт за долговечност.

– Јадам се, многу се смеам и многу плачам – вели Аља.

Booking.com INT Bitcoin Exchange CEX.IO
loading...