Девојка родила бебe зачнато пред 24 години | Видео

1928

Тина Гибсон, родилка од сојузната американска држава Тенеси, на свет донесе женско бебе чиј ембрион бил замрзнат пред 24 години, кога таа имала година и шест месеци.

Американскиот Национален центар за донација на ембриони соопшти дека тоа е всушност најдолго замрзнатиот ембрион кој се развил во фетус.

– Ема е вистинско чудо. Изгледа совршено, иако беше замрзната толку долго, изјави за Си-Ен-Ен нејзиниот иден татко Бенџамин Гибсон, сопругот на Тина, кој поради цистична фиброза бил неплоден.

– Таа и јас можевме да бидеме најдобри другарки, изјави младата мајка.

Девојка, чиј идентитет не е соопштен, го донирала ембрионот во 1992 година.

usatoday.com/mia.mk

loading...