Девојче добило топлотен удар во својата соба | Ова за сите треба да биде ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ!

13427
Booking.com INT

Девојче добило топлотен удар, иако цел ден не било на сонце.

Bitcoin Exchange CEX.IO

Една мајка го споделила своето искуство, откако по дваесет минути не можела да ја разбуди ќерката која заспала во попладневните часови.

Поради тоа, Џенифер Абма објави слика од својата ќерка со порака како предупредување. Девојчето, иако не било на сонце, добило топлотен удар. Кога ја побарала во собата ја нашла со црвено лице и со температура. 20 минути се обидувала да ја разбуди, не успеала па побарала помош.

– Тоа беше најстрашниот момент. Ова е доказ дека некој не треба да биде на сонце за да добие топлотен удар – предупредува мајката.

Таа нагласува дека со девојчето не била надвор на отворено под сонце, но кога влегла во спалната соба, од неа излегол жежок воздух.

– Немав поим дека е жешко кај неа во соба. Нејзиното лице гореше од температура. Итната помош дојде брзо, а кога ѝ го измерија шеќерот во крвта, имаше 1,2 од можни 4 единици. Ѝ дадоа сахароза, а таа почна да плаче – напиша мајката која на тој начин сакала да ги предупреди другите родители.

– Знам дека е моја вина, и тешко ми е. Тоа е лекцијата која ја научив. Проверете си ги децата што е можно почесто на штета на вашето слободно време или обврски. Тие се нашето сѐ и на нив мора да внимаваме додека не застанат на вистински нозе – предупредува оваа мајка.

Booking.com INT Bitcoin Exchange CEX.IO
loading...