Демографска анализа | За Фејсбук откриени изненадувачки факти

1496
Mark Zuckerberg

Фејсбук одамна престана да биде само една социјална мрежа, но донекаде остана необјаснив феномен, еве и зошто …

Доминацијата на Фејсбук е апсолутно неспорна, иако прогнозата на многу сериозни студии од пред две години упорно нудела назадни прогнози. Фејсбук не само што не почнал да паѓа, туку продолжил да расте зајакнувајќи ја својата царска позиција меѓу социјалните мрежи. Марк Цукерберг е токму затоа денес петтиот најбогат човек во светот, а Фејсбук не повеќе само една социјална мрежа, туку платформа која ги диктира трендовите и ги определува социјалните трендови во сите сегменти, колку и да на многумина тоа им звучеше како тотална глупост.

Можеби тоа и е, особено ако се гребне под површината и се анализираат досадните статистички податоци, кои понекогаш не откриваат ништо, а понекогаш ќе кажат сѐ. Во овој случај статистиката во голема мерка ќе го демистифицира Фејсбук како место на релевантност, не само поради честите обвинувања за наплив на лажни информации кои се појавуваат на оваа социјална мрежа …

Но, да одиме по ред, со анализата на она што веќе го знаеме, а тоа е речиси мистична зависност од Фејсбук, која е постојана. Бидејќи, Фејсбук според последните анализи, кои беа спроведени во јануари 2017 година, има помалку од две милијарди активни корисници. Впечатлива бројка, која треба да се земе со резерва, но до тој дел ќе дојдеме. Од овој број, 55% од корисниците, односно малку повеќе од половината, Фејсбук ги користи на дневна основа, од кои 87% од корисниците пристапува до Фејсбук од мобилните уреди, 56% се оние кои се изјаснуваат (да, тоа е клучот) како што се мажите, додека 44% се жени.

Трендот на пристап на социјалните мрежи (не само Фејсбук) всушност е стандард во последниот период, но приказната за половите е променлива како пролетното сонце и токму таму лежи одговорот на целиот парадокс на Фејсбук и на општеството денес, во целина, кога ја анализираме глобалната популација во виртуелниот свет. Затоа што, полека доаѓаме до делот кој докажува дека сите овие статистики, не сомневајќи се во вкупниот број на корисници на Фејсбук кријат потенцијални лаги кои не можат да се третираат како релевантен показател за било што …

Facebook COO Sheryl Sandberg

18-годишници на Фејсбук има повеќе отколку што ги има на Земјата

Најголемата диспропорција, која за многумина е нелогична, а во овој случај многу лесно објаснива, се крие во бројот на корисници на Фејсбук кои тврдат дека имаат 18 години. Пазете се, според бројките кои се “родени”, како резултат на таа анализа 57 милиони наводно машки профили на Фејсбук има 18 години. Можеби на прв поглед, тоа не ви звучи чудно, но ако се знае дека нема толку многу 18-годишни мажи во овој момент на Земјата, тогаш е јасно дека математиката тука, благо речено, не штима.

Фејсбук не треба да се земе како безрезервно релевантен

За да дополнително објасниме, важно е да се истакне дека авторите на оваа детална анализа откриле дека Фејсбук активно на месечна основа користи 100% од машката популација на нашата планета!? Мистерија? Измама? Не, работите многу лесно се објаснуваат, бидејќи многу корисници, кои, на пример, се плашат дека нивната малолетност (а 18 години во многу земји, се граница на полнолетство) претставува пречка за евентуално користење на Фејсбук едноставно на својот профил соопштуваат дека имаат 18 години. Но, во најмалку еден од наводните 11 машки профили на Фејсбук се крие човек кој нема толку години.

Jimmy Fallon i Madonna активни корисници на Фејсбук

Не дека не сме знаеле дека Фејсбук нема начин да контролира, барем кон други корисници, било какви информации, но ова е само еден еклатантен доказ дека оваа социјална мрежа не треба да се земе како релевантна во секоја смисла; маркетиншка, географска или било која друга.

Сличен статистички “проблем” и кај жените

Слична е ситуацијата и со женската популација која наводно има 18 години, како и со двата пола, кои, наводно, имаат 21 година. Веројатно многумина со право ќе се запрашаат зошто ние сме посветиле текст на она што на сите им е јасно, а тоа е болната вистина дека Фејсбук се претворил во чудовиште без контрола? Мошне едноставно, станува збор за бројки од кои јасно се гледа дека виртуелниот свет никогаш не бил, и веројатно никогаш нема да биде вистински пандан на реалниот свет. Освен ако навистина на Фејсбук нема најмалку 10% осумнаесетгодишни мажи кои никогаш не пријавиле или не се појавиле во реалниот свет. Кој знае, денес е можно навистина сѐ и сѐшто …

loading...