Денеска е Светски ден на мирот

159

19 п.н.е.- Умрел римскиот писател Публиус Вергилиус Маро, во светот познат како Вергилиј, автор на дела во кои го величал римското минато. Тој со своите дела со векови бил пример за европските писатели. Најпознато дело му е епосот „Енеида“.

1452.- Роден е италијанскиот верски реформатор Џироламо Хиеронимус, доминикански калуѓер, кој го напаѓал папата Александар VI.

1529.- Османлиската војска под команда на Сулејман Величествениот ја започнала опсадата на Виена.

loading...

1792.- Во Франција на првата седница на Парламентот (Конвент), на предлог на Колот Д`Ербуа, била отстранета монархијата.

1832.- Во Даблин умрел Валтер Скот, шкотски поет и романсиер, творец на модерниот историски роман. Собирал народни песни и пишувал епови за историјата на Шкотска. Меѓу неговите најзначајни дела се „Ајванхо“, „Кенилворт“, „Старинар“ и други. Роден бил во Единбург, на 15 август 1771 година.

1860.- Умрел Артур Шопенхауер, германски филозоф-идеалист, претставник на волунтаризмот. Од делата му се познати „За волјата на природата“ и „Светот како волја и претстава“. Роден бил на 22 февруари 1788 година.

1866.- Роден е Херберт Џорџ Велс, англиски писател. Напишал голем број научни, популарно-научни, социјални и фантастични романи и приказни, како и познатото дело „Историја на светот“. Умрел во 1946 година.

1867.- Роден е американскиот политичар Хенри Луис Стимсон, министер за војни на САД, од 1911 до 1913 година и од 1940 до 1945 година, идеен творец на најголемиот воен злостор во историјата на човештвото. На неговата препорака претседателот на САД Хари Труман одлучил во август 1945 година да ги фрли атомските бомби врз Хирошима и Нагасаки, иако Јапонија беше веќе поразена во Втората светска војна.

1901.- Во Велес, во Џајково Маало, во борба против турската полиција, откако снемал муниција, се самоубил Миле Поп Јорданов (брат на Орце Поп Јорданов, организатор на кружокот од Солунските атентатори) македонски револуционер.

1927.- Во Дојран е роден Христо Андонов-Полјански, македонски историчар, ректор на Универзитетот „Кирил и Методиј“ во Скопје, долгогодишен професор на катедрата по историја на Филозофско-историскиот факултет, признат научник, проучувач на историјата на македонскиот народ. Автор е на 463 библиографски единици, од кои 36 се книги. Од неговите трудови посебно се издвојуваат шесте томови за Гоце Делчев. „Британската библиографија за Македонија“, „Странскиот печат за Илинденското востание“, „Британски документи за историјата на македонскиот народ“ и други. Умрел во Скопје, на 7 октомври 1985 година.

1928.- Британскиот бактериолог Александар Флеминг ја открил непознатата мувла што го расипала неговиот експеримент со бактерии. Но, тоа загадување било епохално откритие дека чудесното семејство на габите „пеницилиум нотарум“ ги уништува дотогаш смртоносните бактерии. Од 1942 година пеницилиумот (пеницилинот)станал лек што спасува милиони луѓе.

1933.- Во Лајпциг, германскиот Врховен суд го почнал процесот против Георги Димитров, член на ЦК КП на Бугарија и член на Третата интернационала, заедно со група германски комунисти, а под обвинение дека го организирал палењето на Рајхстагот. Германската фашистичка пропаганда сакала да го искористи судењето за антикомунистичка кампања. Меѓутоа, Димитров пред светската јавност го разобличил овој процес на нацистичкиот режим и од обвинет станал тужител и поради недостиг на докази судот бил принуден да го ослободи.

1939.- Романските фашисти го убиле премиерот на Романија Армандо  Калинеску, противник на Третиот рајх.

1964.- Малта станала независна после 164 години британско владеење.

Popeye Village – Malta

1974.- Умрел американскиот филмски актер Волтер Бренан. Тој е првиот актер добитник на три Оскара.

1992.- Мексико и Ватикан воспоставиле целосни дипломатски односи по прекинот од 130 години.

1993.- Претседателот Борис Елцин го распуштил парламентот бидејќи со изборот на Александар Руцкој за потпретседател и за вршител на должноста шеф на државата му била загрозена власта.

1996.- Во авионот на претседателот на Колумбија Енерсто Самперо, со кој требало да патува за САД, на аеродромот во Богота по анонимната пријава биле пронајдени безмалку четири килограми хероин за што бил осомничен дека бил во врска со нарко-мафијата.

1999.- На Тајван, во земјотрес загинале најмалку 2.300 лица.

loading...