Денеска е Св. архиѓакон и првомаченик Стефан

795

Според календарот на МПЦ (Јулијанскиот календар) денеска е 27 декември.

Овој Стефан беше евреин, соработник на апостолите. Еден е од седумте ѓакони на ерусалимската црква. Со него почнува подвигот на мачениците, па во таа смисла и е наречен првомаченик.

Пострада од евреите во Синедрионот, откако во долга беседа им докажуваше дека оној Исус кого тие го убија беше навистина Помазаникот што го очекуваат, т.е. Христос. Расказот за него може да се прочита во новозаветната книга Дела апостолски. Во 415 година, неговите мошти се пронајдени на чудесен начин и сместени во Сионскиот храм во Ерусалим.

ОД КАТОЛИЧКИОТ КАЛЕНДАР

Денеска е Блажен Јулијан

На денешен ден умрел мисионерот Јулијан Маунор. Тој околу 43 години патувал низ Бретања, проповедувајќи го Евангелието Христово. За бретонскиот народ, Јулијан бил добар татко. Бил познат по својата скромност, молитва и христијански морал. Им помагал на болните и ги ослободувал опседнатите. Исцрпен од работа, бил прогласен од народот за светец и апостол, а црквата во времето на папата Пио Дванаесетти тоа го потврдила. Бретања и денеска во верски поглед, е една од најдобрите француски покраини.

loading...