Депресијата влијае врз способноста за донесување одлуки

1160

Неодамнешната американска студија покажа дека депресијата може значително да го попречи процесот за размислување и донесување одлуки. 

Депресијата се карактеризира со целосно забавување на организмот – освен чувствата на тага и апатија. Се јавува интензивен замор, промена во апетитот, проблеми со сонот, како и отежната концентрација.

Меѓутоа американските истражувачи утврдија дека оваа често потценувачка и занемарувана болест влијае и на способноста за процесирање на информациите и решавање на проблемите во секојдневниот живот.

loading...

Одредени животни навики можат да ги намалат симптомите на депресија.

Избалансираната исхрана богата со намирници што содржат омега-3 масни киселини, витамин Б-комплекс, и триптофан поволно влијаат на расположението и севкупното здравје.

Редовната физичка активност, дури и да е тоа само прошетка, исто така ги намалува симптомите на депресија.

loading...