Десетици камери снимиле силен блесок на небото, проследено со силни експлозии и потреси | Видео

1886

Жителите на Западен Сибир во Русија во вторникот биле сведоци на уште една експлозија на метеорит во атмосферата на Земјата, која при тоа го осветлила целото ноќно небо.

На социјалните мрежи, во вторникот навечер се појавиле голем број аматерски снимки од метеорит, кој изгорел во експлозијата, високо во атмосферата над Земјата. Метеоритот на момент го осветлил ноќното небо, што голем број Руси успеале да го забележат најмногу со камерите монтирани во внатрешноста на возилото.

Официјалниот сајт на градот Сајаногорск тврди дека небеско тело паднало во областа Хакасия.

loading...

“Во 18:37 часот на небото над градот е забележан светлечки летечки објект, а потоа се слушнала и експлозија. Се разбира, тоа е придружено со мало тресење”, вели Леонид Бјков за локалната руска ТВ станица, а пренесува новинската агенција Ројтерс.

Тој додаде дека експлозијата не предизвикала штета на економските и станбени објекти во градот. Сведоците на падот на метеоритот велат дека небото засвети на неколку секунди, и дека гласна експлозија се слушнала една минута подоцна и активирала голем број алармни системи во автомобилите низ градот.

meteor-hakasija2

Локалните власти објавиле подоцна дека остатоци од метеоритот воглавно изгореле за време на влегувањето во атмосферата на Земјата, и дека на местото на потенцијалното паѓање е испратен тим од експерти.

Руските медиуми известуваат дека снимениот метеорит бил значително помал од оној кој паднал во близина на рускиот град Челјабинск во февруари 2013. година и кој предизвикал многу поголема штета.

loading...