Десет изненадувачки факти за среќата

391

Порталот „Базфид Видео“ избра неколку факти за среќата, од кои веројатно некои веќе и ги знаеме, но секогаш може да научиме нешто ново…

Еве ја листата:

1. Жолтата боја не прави посреќни.

loading...

2. Колку повеќе си ги прегрнувате децата додека се малечки, толку посреќни тие ќе бидат кога ќе пораснат.

3. Луѓето во брак се посреќни од оние коишто останале „стари“ моми и ергени.

4. При хетеро браковете и двајцата партнери се посреќни, ако дамата е попривлечна.

5. Редовен секс! Уште повеќе – ако знаете дека водите љубов почесто од вашите познаници, ќе бидете за 14 отсто посреќни.

6. Доколку потрошите пари за одмор, кино, театар, ќе се чувствувате позадоволно, отколку да си купите некаков предмет. Купувањето подароци за своите блиски, исто така има поголем ефект од тоа да си угодуваме себеси.

7. Ако се самозадоволувате три пати седмично во траење од шест месеци, ќе бидете 20 отсто посреќни. Всушност, ќе бидете поздрави, а здравите луѓе се 20 отсто позадоволни.

8. Може да бидете позадоволни и ако пробате нешто ново и различно, или пак, ако се зафатите да пишувате белешки кои искажуваат благодарност кон некој Ваш близок.

9. Среќата е заразна!

10. За крај – среќата ја одредуваат: 50 проценти од гените, 10 проценти од условите за живот и 40 отсто од Вашето сопствено поведение.

loading...