Детето има талент или родителите се “настојчиви”?

2716

Колку на секој родител му е убаво околу срцето детето да им е добро во училиште, тоа толку ги радува и ако откријат дека нивното дете има талент на кој треба да се работи.

Колку секој родител е радосен, ако детето е добро во училиште, исто така задоволен е ако открие дека нивното дете има талент на кој треба да се работи. Важно е тоа да го забележат на време и да продолжат да работат на понатамошниот развој.

За разлика од способностите, талентот е исклучително редок и извонредна дарба, кој го имаат многу мал број луѓе. Талентот е посебна способност, која е уникатна и неповторлива. Секој талент со вежбање може да се искористи за големи успеси, но не е доволен сам по себе и затоа треба да се негува и охрабрува од рана возраст.

Многу родители сакаат нивното дете, покрај градинката и училиштето, да посетува најмалку една или две воннаставни активности. Сепак, некои од нив претеруваат и не ги препознаваат знаците на преоптоварување и презафатеност кај децата. Обидете се да го идентификувате она за што вашето дете е талентирано и да не претерате во дополнителните активности.

%d0%b4%d0%b5%d1%82%d0%b5%d1%82%d0%be-%d0%b8%d0%bc%d0%b0-%d1%82%d0%b0%d0%bb%d0%b5%d0%bd%d1%82-%d0%b8%d0%bb%d0%b8-%d1%80%d0%be%d0%b4%d0%b8%d1%82%d0%b5%d0%bb%d0%b8%d1%82%d0%b5-%d1%81%d0%b5-%d0%bd%d0%b0

Набљудувајте го свето дете. Забележете со што сака да се занимава во слободното време и разговарајте со него за тоа. Има различни форми на надареност, а некои од нив може да се препознаат на рана возраст, додека другите стануваат видливи дури подоцна.

Улогата на родителите во признавањето на таленти кај децата е од клучно значење, но родителите треба да бидат свесни дека поттикнувањето на талентите и дарбите на детето мора да бидат во согласност со неговата среќа и задоволство.

Важни се реалните очекувања. Не ги присилувајте децата. Тоа е најлошото нешто што можете да го направите за вашето дете. Без оглед на успехот или неуспехот, дозволете му да се откаже, ако тој го изгубил интересот, и тоа без разлика колку е талентирано.

Сѐ почесто гледаме родители кои ги принудуваат своите деца на бескрајни часови по пијано, балет или некој спорт. Децата сѐ уште не ги отстраниле пелените, а учат странски јазици, ги водат на различни спортски активности. Денешните родители на своите деца им ја планираат секоја секунда од слободното време, и ги “принудуваат” на различни активности, а сѐ со цел да ги задоволат своите желби за успех, кои ги пропуштиле, кога тие биле млади.

%d0%b4%d0%b5%d1%82%d0%b5%d1%82%d0%be-%d0%b8%d0%bc%d0%b0-%d1%82%d0%b0%d0%bb%d0%b5%d0%bd%d1%82-%d0%b8%d0%bb%d0%b8-%d1%80%d0%be%d0%b4%d0%b8%d1%82%d0%b5%d0%bb%d0%b8%d1%82%d0%b5-%d1%81%d0%b5-%d0%bd%d0%b0

А кога зад детскиот труд стои родител кои по пат на малтретирање се обидува да го принуди детето да стане голем спортист, пејач или она што родителот ќе го замисли, тогаш тоа е сигурна формула за создавање несигурни и непотполни луѓе, кои можеби ќе постигнат одредени резултати, но ќе останат осакатени како личност. Покрај тоа, родителите кои многу очекуваат испраќаат порака дека нивната љубов не е безусловна, туку е многу условена.

Важно е детето да се насочува на она за што има интерес и способност, за што е развојно зрело и способно, а не на она што вие го очекувате како родител.

loading...