Дете од Неготино искасано од куче

645

Четиригодишно дете од Неготино искасано од куче, денеска е примено во кавадаречката општа болница.

Како што информира началникот на одделението за хирургија при болницата,  хирургот доктор Дано Кулев, станува збор за дете од Неготино, кое според тоа што го изјавиле родителите, било искасано во дворот на соседите.

– Станува збор за четири рани. Две на задниот дел од главата и по една на левото рамо и внатрешниот дел на левата натколеница, изјави Кулев.

loading...

Врз раните е интервенирано, а детето добило соодветна терапија, по што е задржано на хируршкото одделение во болницата.

Според Кулев во последните два случаи едно од каснувањата, исто така, било од комшиско куче, а другото од куче скитник.

loading...