Детоксикацијата со топла вода и лимон е мит

1098

Иако многумина веруваат дека топла вода со лимон е добра за здравјето и оти поттикнува детоксикација, новата студија покажа дека тоа е всушност само мит.

Молекуларниот фармалог и токсиколог од Универзитетот на Аделаида и еден од водачите на студијата Јан Мусгрејв нагласи дека не постојат научни докази дека ваквите напитоци влијаат на детоксикација на организмот. Тој напомена дека топлата вода со лимон нема ништо да им направи на токсините, сепак ќе помогне при хидратација, зголемување на нивото на витаминот Ц и намалување на внесот на калории во организмот.

– Умерени долготрајни промени во исхраната и вежбањето помагаат при детоксикација на организмот, а не некои чудотворни пијалаци, истакна тој.

loading...