ДЕТОКСИКАЦИЈА | Исчистете го телото од акумулираните отрови и токсини

1216
Booking.com INT

За време на детоксикацијата треба да се обрне внимание на начинот на приготвување на храната – овошјето и зеленчукот може да се јаде сирово во салати, да се подготвуваат свежо исцедени сокови или хранливи супи.

Bitcoin Exchange CEX.IO

Месеци на невообичаена зимска исхрана и недостаток на движење често оставаат замор, невнимание и неколку килограми вишок. Затоа пролетта е идеално време за детоксикација или чистење на телото.

– Детоксикација е нормален физички процес на отстранување или неутрализирање на токсините преку дебелото црево, црниот дроб, бубрезите, белите дробови, лимфните јазли и кожата. Целта на детоксикацијата е да се отстрани вишокот масти од црниот дроб, да се ослободи жолчката повторно правилно да работи, да се елиминира токсичен отпад, да се растворат насобраните камења во жолчното кесе и црниот дроб и да се регенерираат оштетените и уништените клетки на црниот дроб – вели нутриционист Сандра Мариќ Булат.

Програмата за детоксикација треба да биде прилагоден на начинот на живот, здравјето и навиките во исхраната.

– Постојат различни видови на детоксикација, а многумина имаат заеднички внес на храна со низок калориски внес и зголемен внес на овошје, зеленчук и вода. Детоксикациската исхрана се базира на едноставна храна, како што се суровото овошје и зеленчук, соковите и супите од зеленчук. Вклучува и сушено овошје, клици од житни култури и зеленчук, репка и темно лиснат зеленчук како што се кељот, сувото грозје и блитвата – објаснува.

Во текот на детоксикацијата треба да се обрне внимание на начинот на приготвување на храната – овошјето и зеленчукот можат да се јадат сирови во салати, да се подготвуваат свежо исцедени сокови и хранливи супи. Добар начин на подготвка е варење на пареа, бидејќи така се губат помалку хранливи материи, а пржењето со масло треба строго да се избегнува.

Исто така, добро е барем неколку дена да се исфрлат производите од рафинирани житарки. Наместо тоа, јадете кафеав ориз, леќа, просо и овес. Исто така, пробајте “егзотични” житни култури, како амарант и квиноја кои се екстремно богати со протеини и затоа се препорачуваат и на вегетаријанците.

Грашокот, леќата и гравот се, исто така, дел од детоксикацијата, но, исто така и бадемите, индиските ореви, оревите, семките од сончоглед и тиква, сусамот. Но, обидете се да ги добиете несолени, бидејќи вишокот сол може да го врати ефектот на детоксикацијата. Салатите од сезонски зеленчук зачинете ги со нерафинирано масло – се препорачува маслиновото, лененото и маслото од коноп. Додадете неколку капки сок од лимон или сок од портокал, а изоставете ги готовите преливи.

Детоксикациската исхрана е исто така одлична за симнување на зимските килограми, но треба да бидете внимателни и да не гладувате.

– За здраво губење на тежината, важно е на телото да му се обезбедат сите потребни хранливи материи и по природен пат да се поттикне согорување на мастите. Затоа детоксикациските пијалоци се идеален избор – вели нутриционистот.

Бидете здрави

Токсините се акумулираат во телото од храната и пијалаците, но и преку кожата и воздухот што го дишеме. Кога таа количина е премногу голема, телото страда. Тогаш телото треба да се исчисти. Добро е да му дозволите на варењето да се одмори малку подолго и подоцна да работи подобро. Колку е варењето е подобро, и ние сме поздрави.

10 знаци на токсини

Ако забележите некој од следните симптоми – тргнете на детоксикација

Желбата за шеќер

Исхраната која е богата со шеќер и преработената храна, прави телото да се однесува како да е на возење по тобоган, бидејќи брзо го зголемува и намалува шеќерот во крвта и може да влијае на хормонот лептин (одговорен за глад), што резултира луѓето да посегнуваат по нездрава храна. По детоксикација, телото закрепнува.

Нарушувања во варењето на храната

Ова е еден од очигледните знаци дека на телото му треба детоксикација. Запек, дијареа (пролив), надуеност и ветровите не се само непријатни, туку, исто така, се јасен знак дека не се храните како што треба и дека на цревата им е потребно “ресетирање”.

Склоност кон сезонски алергии

Ако цревниот microbiot не е избалансиран, тоа значи дека имунитетот е лош. А бидејќи синусите се продолжение на дигестивниот систем, логично е дека здравјето на дигестивниот тракт влијае на сезонските алергии.

Јадете здраво, но не се чувствувате така

Иако јадете здраво тоа не значи дека понекогаш не треба да направите детоксикација. Преку отстранување на одредени видови храна за некое време ќе им даде на вашите црева пауза и така ќе отстраните штетните токсини од телото и ќе го зајакнете.

Кожата не е чиста

Кога во телото ќе се насоберат токсини, тоа може да влијае на послаба работа на црниот дроб (кој е главен орган за детоксикација). Бидејќи преку кожата преку потењето, исто така, се исфрлаат токсините од телото, сите тие токсини можат да се покажат на површината на кожата во форма на акни, осип и воспалителни процеси.

Секогаш сте уморни

Постојаниот замор, исто така, може да има подлабок проблем кој е поврзан со работата на надбубрежната жлезда. Ова нарушување се јавува кога мозокот и надбубрежните жлезди немаат добра комуникација поради зголемените нивоа на кортизол до кои дошло заради акумулираните токсини, воспаление и дисбаланс на mikrobiotот.

Заборавеност

Ако се обидете да се потсетите на некои детали од тој ден, мозокот ви е заматен. Телото не може брзо да ги отстрани токсините, тие се акумулираат во телото и предизвикуваат воспаление. Тоа ја оштетува заштитната бариера во мозокот и ја заслабнува меморијата. Детоксикацијата ќе го ублажи воспалителниот оксидативен стрес во хипоталамусот, така што ќе размислувате појасно.

Болка во зглобовите

Хроничното воспаление резултира со повреди на мускулите и зглобовите. Ако вашите зглобови и мускулите се често болни, вкочанети и крути, особено ако вежбате, тоа е големо предупредување дека воспалителни процеси се случуваат во телото.

Постојано сте под стрес

Детоксификацијата не значи само исфрлање на несаканите прехранбени продукти, туку и намалување на стресот, бидејќи тој е главен поттикнувач за автоимуни болести и депресија.

Хормоните дивеат

Намаленото либидо, нарушување на менструалниот циклус и неможност да се намали тежината укажуваат на хормонски проблеми. Хормонските проблеми може да предизвикаат хронични воспаленија, а една од најчестите причини е неадекватната исхрана.

Booking.com INT Bitcoin Exchange CEX.IO
loading...