Детска игра заврши со повик до протоивпожарната служба

367
Booking.com INT

Играта на две братчиња од Берлин, заврши со повик до пожарникарите, откако помалото момче се скрило во домашниот сеф, па останало заглавено три часа, пред спасувачите да го извадат оттаму.

Bitcoin Exchange CEX.IO

Присутните од семејството сфатиле каде е детето, но не можеле да го отворат сефот, бидејќи не ја знаеле шифрата. Единствен кој ја знаел бил неговиот дедо, кој во тој момент не бил дома.

Откако пожарникарите не ја погодиле вистинската комбинација, морале со цевка да внесуваат кислород во сефот за момчето да може да дише.

Три часа подоцна, кога идејата сефот да се искрши, била се поприфатлива, некој ја погодил шифрата и момчето било спасено.

Берлинска Противпожарна служба на Твитер објави дека детето е во ред, а спасувачот Томас Кирстен го нарече „подранет божикен подарок”.

Booking.com INT Bitcoin Exchange CEX.IO
loading...