Детски страв од море | Не ги принудувајте да влезат во вода ако се плашат

697

Родителите треба да останат смирени ако детето се плаши да влезе во морето. Потсмевање, принудување или лутина ја продлабочуваат аверзијата. Постепено докажете им дека немаат од што да се плашат.

Време е на годишни одмори и сите му се радуаат на пливањето и на разни игри во морето.

Но, има деца кои не само што не сакаат да пливаат, туку, исто така, панично се плашат од големата вода. Тој страв развојно е нормален и обично се случува околу втората година.

loading...

-Стравот од вода е особено видлив кај големите површини, морето или големите базени, бидејќи не постојат јасни граници, а тоа е застрашувачко за децата. Децата на оваа возраст се плашат од сѐто она што е неочекувано, па добро е однапред да ги подготвите. Не треба нагло да се спуштаат во водата, бидејќи губат контакт со земјата, што може да предизвика чувство на страв и паника. Понекогаш стравот од вода може да се случи и по некои непријатни искуства, на пример, ако се лизне и падне во вода или ако му влезе вода или пена во очите.

Лоши искуства

Некои деца се плашат од вода поради претходни лоши искуства, ако некој нагло ги ставил во премногу ладно море или го зафатил бран. Причините за стравот се различни. Ако детето панично се плаши од морето, експертите се едногласни. Никако не ги принудувајте со идеја дека “ќе се навикне”. Бидејќи, нема.

Наместо пуштање во море на сила, треба да се направи обид некако низ игра да се придобијат да се заинтересираат, а потоа и да им покажеме низ смеа некои убави играчки за плажа, да ги научиме дека морето е големо игралиште и дека нема од што да се плаши. Добро е кога има повеќе деца на плажа, па заедно се градат замоци во песок или пуштаат чамци во водата. Така полесно самите спонтано ќе тргнат кон морето, кога ќе се видат едни со други.

Исклучителное важно, кога детето се плаши од вода или од влегувањето во море, родителите да останат смирени и позитивни, бидејќи вознемиреноста на возрасните помага децата да чувствуваат страв и несигурност.

Ништо не со сила

Подобро е детето постепено да се изложува на влегување во морето; да си игра во плитка вода или во близина на водата, нежно врз него да се истура вода, и да се поттикнува и поддржува само во она што тоа сака и кога сака.

Грубото туркање во вода или присилување не е добро, бидејќи детето уште повеќе ќе се исплаши. Некои деца треба да се остават некое време да набљудуваат. Многу од нив спонтано одлуччуваат да влезат во морето кога ќе видат дека не постои никаква опасност. Се разбира, дека треба да се води грижа за тоа морето да е со поповолна температура, детето да е безбедно и заштитено да не потоне (нараквици, гумени прстени, елеци, итн), да се држи над нивото на водата која може да му влезе во устата, носот или во очите, што е многу непријатно и што може да го исплаши детето.

Би било добро детето кое се плаши да не влегува во морето кога има големи бранови. Колку порано детето се доведе во оваа ситуација, толку е помала веројатноста дека подоцна ќе има страв.

Пливањето е здраво и децата треба да бидат вклучени порано, а годишниот одмор е идеална прилика детето подобро да го запознае морето, и целото семејство опуштено да ужива во летните радости.

loading...