Диетата со лубеница ќе ви “симне” пет килограми во само 15 дена

1800

Лубеницата се состои од 92 проценти вода, па затоа е идеална храна за контрола на тежината. Но, оваа диета не е без недостатоци, бидејќи без промена на животниот стил килограмите се враќаат.

Летото е совршено време од годината да се промени начинот на исхрана, поради достапноста на различни овошја и зеленчуци. Една од привлечните диети во текот на летото е онаа со лубеница.

Лубеницата може да ви помогне да ја намалите телесната тежина, а ако се одлучите за оваа диета, би било најдобро да се придржувате до неа од 9 до 13 дена. Подолгиот план се состои од две фази. Првите три дена се јаде само лубеница. Во втората фаза, се додаваат останати намирници, а лубеницата се јаде како ужина. Втората фаза не е рестриктивна како првата, и може да трае од шест до десет дена, но не содржи многу други намирници. Со оглед на фактот дека лубеницата содржи многу вода, можеби нема да имате потреба за вообичаеното конзумирање на вода.

loading...

Во втората фаза менито изгледа вака: за појадок јадете житарки со млеко и неколку лажици кравјо сирење, за ужинка 2-3 парчиња лубеница, за ручек, пилешко, риба или не-мрсно парче говедско месо, салата од било кој зеленчук со малку маслиново масло и оцет, а за вечера од две до три парчиња лубеница. Влакната со кои е богата ќе ве држи сити и ќе спречи прејадување.

– Иако лубеницата е богата со хранливи материи и има малку калории, таа има висок глихемиски индекс. Кај луѓето кои се чувствителни на зголемување на шеќерот во крвта потребна е доза на претпазливост и лубеницата мора да се комбинира со намирници со низок глихемијски индекс. Тоа не мора да биде во ист оброк, но имајте на ум дека во следниот оброк треба да се изеде намирница со низок глихемиски индекс, за да се поништи високиот индекс на лубеницата – објаснува нутриционист.

Лубеницата помага во губење на тежината, затоа што ја залажува гладта и благотворно делува на дигестивниот систем. Покрај тоа, природно е слатка, па така може да помогне и кога ќе настапи криза за чоколадо или сладолед. Таа е идеална храна за најздравиот начин на исхрана, не само затоа што е многу хранлива и со одличен вкус, туку и поради тоа што е ниско калорична: една чаша лубеница содржи само 49 калории. Таа е богата со вода, па освежува, но, исто така, го задоволува апетитот.

Ова летно овошје е идеална диетална намирница, бидејќи не го оптоварува телото со вишок калории. Во 100 грама содржи само 30 калории, додека го снабдува телото со голем број важни хранливи состојки. Одличен е извор на витамин Ц. Исто така, добар извор на витамини А, Б1, Б6 и минерали калиум и магнезиум. Една чаша лубеница обезбедува 24 проценти од дневната потреба за витамин Ц. Особено е важна поради содржината каротеноидниот пигмент, ликопен, два пати посилен антиоксиданс од бета-каротенот.

Откако ќе ја завршите диета со лубеница, за одржување на процесот на губење на тежината, заменете ги сите сокови со обична вода и лубеница. Две парчиња лубеница насечете на мали парчиња и замрзнете ги.

Потоа неколку замрзнати парчиња ставете во една чаша и додадете вода. Ледот од лубеницата ќе ја излади водата и ќе ѝ даде благ вкус. По пиење вода, јадете лубеница. Со помош на лубеницата намалете ја и големината на оброците. Јадењето на помали оброци е еден од најдобрите начини за губење на тежината, а лубеницата може да ви помогне во одржување на чувството на ситост.

– Диетата со лубеница би можеле да има јо-јо ефект, па како еден долгорочен начин на намалување на телесната тежина потребна е и промена на навиките за јадење. Лубеницата е одлична намирница и треба да се јаде, но не треба да се претерува со исфрлање на друга храна, во желба да се губи телесната тежина, колку што е можно побрзо – објаснува нутриционистот.

Не е овошје

Зеленчук е било која структура, која се формира од другите делови на растението. Затоа, кога се вели дека се јаде зеленчук, тоа се однесува на листовите на растенијата, нивните стебла, корења и грутки. Според оваа дефиниција, лубеницата е зеленчук.

Таа е полна со вода

Таа содржи многу голема количина на вода, околу 92 отсто, а тоа на нејзиното месо му дава мека и малку крцкава текстура и е омилено овошје за гаснење жед.

Бобинки

Таа има висок глихемиски индекс, па кај луѓето кои се чувствителни на зголемување на шеќерот во крвта им е потребна доза на претпазливост и лубеницата мора да се комбинира со намирници со низок глихемиски индекс, како што се јаткасти плодови, цреши, ‘ржан леб …

Слатка

Лубеницата може да помогне во губење на тежината што се должи на фактот што ќе ја залаже гладта и поволно ќе делува на дигестивниот систем. Покрај тоа, лубеницата е природно слатка и може да помогне кога ќе се појави криза за чоколадо или сладолед.

Лесна

Таа е идеална храна за најздравиот начин на исхрана, не само затоа што е многу хранлива и со одличен вкус, туку и поради тоа што има малку калории: една чаша лубеницата содржи само 49 калории. Таа е богата со вода, па освежува, но, исто така, го задоволува апетитот.

Предности на диетата

  • Лесно ја ублажува гладта со јадење на големи количини на лубеница
  • Резултатите се видливи на краток рок
  • Детоксикација – токсини

Недостатоци на диетата

  • Не им е дозволена а дијабетичари, луѓето со бубрежни и уринарни проблеми
  • Многу е ригорозна
  • Ја губите телесната тежина не како резултат на согорување на масти во телото, туку заради исфрлање на водата
  • Има голема веројатност од јо-јо ефект, бидејќи по диетата се враќате на првичниот режим на исхрана
loading...