ДИЕТИ | Разочарувачко откритие: ЗОШТО СМЕ ПОДЕБЕЛИ ОД НАШИТЕ ПРЕДЦИ?

611
Booking.com INT

За жал, тоа е вистината на модерното општество, респектабилните истражувачи откриле зошто е тоа така.

Bitcoin Exchange CEX.IO

Тажната вистина на современото општество е дека луѓето денес се многу подебели отколку што биле нашите предци, и покрај напредокот на медицината која не им била достапна. Додека сите се согласуваме дека денес се води седечки начин на живот, резултатите од неодамнешното истражување откриваат дека тоа не е само затоа што денес повеќе јадеме, а помалку се движиме.

Едно истражување на универзитетот York во Торонто открило неверојатен факт. Ако сега имате 40 години, треба да јадете помалку и вежбате повеќе отколку што тоа го правеле на 40-годишна возраст во 1971 година за да го избегнете зголемувањето на телесната тежина, покажала студијата.

Најновото истражувања докажува дека одржувањето на посакуваната телесна тежина не е само воспоставување рамнотежа помеѓу внесот и потрошувачката на калориите. Авторите презентираат неколку теории зашто е тоа така.

Експертите сметаат дека главните виновници се загадувачите, антибиотиците и пестицидите во различни видови на храна кои влијаат на хормонскиот процеси одговорни за телесната тежина.

Исто така, животниот стил влијае врз зголемувањето на телесната тежина: изложеноста на светлина во текот на ноќта, стресот, прејадување во доцните ноќни часови.

Тие, исто така, наведено е сѐ почестото консумирање на лекови, како што се антидепресиви, кои можат да предизвикаат дебелина, потоа генетиката, која влијае на брзината на метаболизмот и цревната флора, која се менува како резултат на зголемената потрошувачка на индустриски преработена храна полна со адитиви, конзерванси и пестициди.

Враќање кон минатото не е можно, но можеме да преземеме неколку чекори за да спречиме нездраво зголемување на телесната тежина.

Можеме да ја зголемиме потрошувачката на органската храна да избегнуваме храна од продавница која се состои од вештачки засладувачи, конзерванси и адитиви, да земаме лекови само кога тоа не е можно да се избегне, да употребуваме пробиотици, како што се лук, леќа, аспарагус, кисела зелка, и слично.

Booking.com INT Bitcoin Exchange CEX.IO
loading...