ДИЕТИ | Секоја диета е добра ако се придржувате на препораките

576
vnimatelno so dietite

Која било диета ќе даде слични резултати, а луѓето едноставно би требало да ја изберат онаа која најмногу им одговара и да се придржуваат според неа, објавија канадските научници, јави Би-Би-Си.

Студијата објавена во списанието Journal of the American Medical Assoiation ги анализираше податоците  на 48 различни диети. Експертите наведуваат дека сите диети го намалуваат внесот на калории на сличен начин, што ги објаснува сличните резултати. Заклучуваат дека од самата диета поважно е да се придржува според правилата кои диетата ги пропишува.

Разните диети стануваат популарни, а после некое време излегуваат од мода, наведуваат научниците од Универзитетот Онтарио. Анализирани се податоци за 7286 лица кои се обиделе да ги намалат килограмите користејќи се со разни диети – со Аткинсонова, Јужна Плажа, Зона, Најголем губитник, Џени Крег, Волуметрикс, Орниш и други.

Студијата после 12 месеци покажа речиси исти резултати за луѓето кои се придржувале на диетите базирани на внесување храна без масти и на оние кои биле на диета темелена на исхрана без јагленохидрати. Имено и двете групи изгубиле просечно околу 7,3 килограми.

– Нашите резултати сугерираат дека пациентите можат да ја изберат онаа диета која им претставува најмал напор и предизвик, се заклучува во студијата на канадските научници.

loading...