Добрите пријатели во староста повеќе влијаат на здравјето и среќата од семејството

747

Како што старееме, пријателите ни стануваат многу важни за подобро здравје и среќа.

Според новото истражување на списанието „Персонал Релејшншипс“, добрите односи и силните пријателски врски со години ни се повеќе потребни од семејството.

Истражувањето опфатило над 270.000 луѓе од речиси 100 држави. Истражувачот, психологот Вилијам Чопик, на почетокот открил дека цврстите врски и со семејството и пријателите се поврзани со среќата и здравјето. Меѓутоа, тие луѓе кои во староста имаат цврсти пријателски односи со некого, се по здрави и по среќни.

Во вториот круг на истражувањето, Чопик открил дека луѓето кои немаат пријатели во староста се склони на хронични заболувања.

– Разни истражувања покажале дека често повеќе уживаме во дружење со пријателите. Лежерни сме, опуштени и насмеани со нив, додека дружењето со семејството по некогаш може да биде по сериозно и можеби малку монотоно, изјави Чопик за магазинот „Тајм“.

Цврстите пријателски врски придонесуваат за менталното и физичкото здравје, посебно во староста. Меѓутоа како што вели Чопик, често луѓето ги занемаруваат пријателите, бидејќи сметаат дека сопружниците и децата им се на прво место.

– Важно е да си посветен на семејството, но пријателствата посебно влијаат на нас. Во текот на нашите животи, ги испуштаме површните пријатели и остануваме со тие кои навистина ни значат. Во староста тогаш знаете дека околу себе сте оставиле луѓе кои ве прават среќни и со кои полесно ќе надминете секаков проблем, потенцира Чопик.

loading...