Добронамерни реченици кои родителите треба да ги избегнуваат

1578

Без оглед на тоа колку родители се трудат да бидат мудри и внимателни кон своите деца, вистина е дека често изговараат работи кои се бескорисни, речиси штетни.

Но, има реченици кои треба да бидат заменети со други бидејќи првите не ја постигнуваат целта, да го утешат и да му помогнат на детето.

1. Не грижи се/ Не плачи

Кога велиме нешто како ова, ние навистина сакаме нашите деца да се чувствуваат подобро, но тоа на вашето дете може да му звучи дека неговите чувства се неважни. Вистина е дека сите понекогаш сме загрижени и тажни и мораме да помогнеме на децата да научат да се носат со тие чувства, подобро отколку да ги игнорираме.

loading...

Наместо да речеме: „Глупаво е да се верува дека чудовиштето е под креветот“, прифатете ги неговите чувства и изнајдете начин да му помогнете да се носи со нив. Прашајте го нешто во стилот: Што би ти помогнало помалку да се плашиш?

2. Немој да се срамиш

Колку пати сте се нашле во ситуација вашето дете да се крие зад вас? Или вашето  девојче наеднаш да замолчи кога вашиот пријател кој сте го сретнале на улица нешто праша? Обично првата родителска реакција е „Не се срами“.

Додека ние на тој начин се обидуваме да ја поттикнеме љубезноста кај детето, забараваме дека децата имаат различни карактеристики и со еднаква брзина не се отвораат кон околината.

Наместо да ги принудуваме да одговара на сите прашања и ги прават очекуваните работи кон другите (поздравување, претставување и слично), обидете се заедно да работите на тоа како да се однесуваат кога ќе сретнете други луѓе.

3. Сите реченици кои почнуваат со „Гледаш“

Ние возрасните не сакаме кога некој ќе ни рече: „Ти реков“ (дека ќе биде така), па исто така тоа не го сакаат ни децата.

Кога ќе речеме: – Гледаш, зарем не беше добра идеата денеска да понесеш мантил? или – Гледаш, не ли е поедноставно да пронајдеш маица од плакарот кога убаво ќе ја наместиш?, поголема е веројатноста дека ќе има поголеми резултати.

Најдобро е детето постепено да стекнува искуство.

loading...