Додека Европа оди на југ, Австријците летуваат дома

806

Цела Европа важи за безбедна туристичка дестинација, а исклучок е Косово, пишува виенскиот дневник „Кронен цајтунг“, повикувајќи се на „Травел риск мап“.

Весникот наведува дека туристите при избор на дестинација ги земаат предвид стравот од терористи, високата стапка на криминал и условите за медицинска заштита, а согласно ова во моментов Австрија е исклучително посакувана дестинација.

Во Австрија, според весникот, секогаш расте бројот на домашни туристи, па така статистиката бележи дека мината година 87 отсто од Австријците најмалку еден одмор го поминуваат во својата земја.

Како особено безбедни дестинации се споменуваат и Словенија, Швајцарија, Луксембург, Норвешка, Данска, Шведска и Финска, но и Гренлад и Исланд.

Весникот наведувува дека незначителен безбедносен ризик има во Австралија, Нов Зеланд, Кина, Јапонија, САД и Канада, како и во деловите на Јужна Америка, додека сосема небезбедно е во Африка и на Блискиот Исток.

Екстремно голем ризик има во Авганистан, Сирија, Сомалија, Мали, Ирак и Јемен. Министерството за надворешни работи на Австрија на својот сајт има предупредувања за многу држави, а пред се за Авганистан, Ирак, Јемен, Либија, Мали, Мавританија, Нигерија, Сомалија, Јужен Судан, Сирија и Централноафриканската Република.

loading...