Доените деца во помал ризик од леукемија

917

Децата кои се доени како бебиња имаат помал ризик од развој на леукемија во детството, сугерира една нова студија.

Леукемијата е еден од водечките убијци на децата и адолесцентите. Научниците долго време се сомневаа дека доењето може да има заштитен ефект против ракот на крвта, бидејќи мајчиното млеко содржи многу антитела и компоненти кои го зајакнуваат имунолошкиот систем.

Во новата студија, објавена во Јама педијатрија, научниците откриле дека децата кои биле доени најмалку шест месеци, имаат 19% помал ризик од оваа болест во споредба со оние кои не биле доени воопшто или биле доени за пократки периоди на време.

loading...

Истражувањето покажа само една асоцијација, а не причина и последица, и потребни се повеќе истражувања за да се потврди врската и да се објаснат биолошките механизми кои се вклучени. Студијата е направена врз основа на податоците од 18 студии во кои се вклучени околу 28.000 деца, вклучувајќи и околу 10.000 на кои им се развила леукемија.

доилкаАмериканската академија за педијатрија препорачува мајките исклучиво да ги дојат своите деца за најмалку шест месеци, велејќи дека тоа го намалува ризикот од инфекции, алергии и синдромот на ненадејна смрт, помеѓу другите нешта.

“Има толку многу за истражување чии резултати ќе ги поддржат здравствените придобивки од мајчиното млеко”, вели водечкиот автор на новата студија, Efrat Л. Amitay, на Универзитетот во Хаифа, школа за јавно здравство во Израел. “Тоа содржи антитела, природни клетки убијци и сите видови на активни, живи материи кои не можат да бидат произведени во фабрика.”

well.blogs.nytimes.com

 

loading...