Дознајте го вашиот љубовен број | Еве каква судбина е поврзана за вашето име

637

Соберете нумерички вредности за секоја буква од името и презимето според табелата подолу.

Табела

А-1, Б-2, В-1, Г-2, Д-6, Ѓ-8, Е-9, Ж-3, З-2, И-4, J-5, K-6, Л-7, Љ-8, M-9, Н-1, Њ-2, O-3, П-4, Р-5, С-6, Т-8, Ќ-5, У-9, Ф-1, Х-3, Ц-3, Ч-4, Џ-7, Ш-7 

Нa пример: Тања Алексова = 8 +1 +8 +5 +1 +1 +1 +1 +1 +8 +9 +7 +4 +5 = 60 = 6 +0 = 6

Вашиот љубовен број

1

Луѓето со овој број ја засноваат својата љубов на рационалност и на силна интелектуална основа. Големи се индивидуалисти, имаат разновидни интереси. Многу е тешко да се задоволат. Очекувањата за покорност и послушност, кај нив, предизвикуваат одбојност и агресија. Ако сакате врската или бракот со таква личност да успее, треба да внесете што е можно повеќе новитети, бидејќи се подготвени за неверство во моменти на здодевност или кога ќе почувствуваат дека нивната слобода е загрозена.

2

Многу се избирливи при избор на партнер. Сакаат паметни и практични луѓе, интелигентни и способни. Материјалисти се и со задоволство се одлучуваат за личност која може да им обезбеди удобен живот. По природа се мирољубиви и речиси невозможно е со нив да се скарате. Ако навистина ве сакаат, тогаш се многу верни.

3

Овие луѓе пред сѐ сакаат вистинско и искрено другарство. Само, кога тоа ќе го почувствуваат, се впуштаат во љубовна или брачна врска. За својата љубов честопати велат “другар”. Нивната љубов се базира на почитта и целосна доверба кон саканата личност. Сите проблеми ги решаваат преку отворени и искрени разговори.

4

Сакаат долги и стабилни врски. Го сакаат бракот и влегуваат во него многу рано. Но, честопати грешат во изборот на партнерот. Во љубовта не се креативни, па дури се и малку досадни за лицата кои се активни и сестрани. За нив мирниот живот стабилната врска се единствената животна цел. Тогаш се верни, послушни и подготвени за било каков компромис, само за да го задржат односот во рамките на конвенционалноста …

5

Љубов за цел живот е нивната најпосакувана желба. Го почитуваат семејството и бракот. Секоја лага длабоко ги погодува и тешко се опоравуваат од нив. Тогаш им треба сила да влезат во нова врска. Единственото вистинско значење на животот, за нив е постоењето на љубовта. Кога ја немаат, тогаш како и да не живеат.

6

Несигурни се и склони кон промени. Не се за трајна и долготрајна врска. Тие постојано бараат партнер. Чувствителни се и нежни. Но, ако некоја врска заврши со брак, не се искрено среќни и задоволни, затоа што бараат други врски. Вистинската љубов и цврстиот брак можат да ги постигнат дури во подоцнежните години.

7

Нивниот живот е исполнет со бројни љубовни врски. Тие уживаат во авантури и флертувања. Дури и повеќе бракови за нив не е непознаница. Навикнати се на многу раскинувања, но, и на нови состаноци. Сметаат дека сето тоа е нормално и пожелно. Кон животот и љубовта пристапуваат многу активно и постојано бараат нови партнери.

8

Овој број ги симболизира промените и патувањата. Нивниот љубовен живот е со неспокоен дух. Тие имаат многу љубовни врски, и не е исклучено дека можат да имаат и повеќе бракови. Желбата за разновидност и постојаното одложување на сериозни животни прашања се присутни низ целиот живот. За подолга врска, тие се одлучуваат по триесеттата година.

9

Овие луѓе во младоста тежнеат за врска со постар партнер, додека во некои сериозни години можат да ги привлечат и помлади луѓе. Секогаш се во некои спротивставувања, за нив ништо не е типично. Често доживуваат разочарувања, но тоа не остава лоша трага на нив, тие и понатаму продолжуваат да бараат нови врски и возбудувања.

loading...