Дознајте кои од 4-те видови на жени сте | Mајка, љубовница, амазонка или посредничка

1553

Четирите архетипски модели (мајка, љубовница, амазонка, посредничка) се илустрација на четирите основни тежнеења и делови на психата кои во помала или поголема мерка ги има секоја жена.

Во есејот “Структурни форми на женската психа” Антониа Волф, долгогодишен соработник на Карл Густав Јунг, потенцира дека женската психа е различна од онаа на мажите. За самоспознавање и самореализација, важно е жените да препознаат која структурна форма најмногу одговара на нејзината личност.

Секоја од нас има сите четири аспекти кои Волф ги опишува, прашање е само до кој степен ќе ги освестиме и ќе ги усогласиме со животниот стил и темпераментот. Потполното исполнување е процес кој трае доживотно, константен е развој и работа на себе, но неговиот резултатот е величествен. Во прашање е интегритетот на суштествата, вели “Lovesensa.rs”.

loading...

Toni Wolff-001

Antonia Wolff

Во средновековниот мистицизам душата е дел со кој го чувствуваме Бога, и кој нѝ користи за “носење Бог во нас”. Место каде што доаѓаме до сржта на своето битие, и во исто време го поврзуваме со “изворот”. Душата е психа, женскиот принцип, принцип кој поврзува.

Од дамнешни времиња луѓето тежнееле преку различни видови на женските божества да забележат и да го дефинираат она што можеби и не може во целост да се дефинира и да се објасни, додека не се проживее – различни аспекти на женската личност во ликовите на божествата: Хера, Деметра, Афродита, Атена, Артемида … Четирите основни структурни форми на женската психа во психологијата се разбираат како креативна матрица на која се работи и која се надградува. Во овие обрасци ќе препознаете делови од своето однесување и чувствителност, но еден сигурно ќе биде доминантен.

Со него ќе почувствувате траги, испреплетеност и влијание од другите опишани обрасци кои може да предизвикаат конфузија и збунетост. Некогаш втората и третата форма се интегрираат подоцна, во втората половина на животот.

Мајка
Жената која негува, помага, сака доброволна работа, сѐ што вклучува нега, грижа и подучување. Таа е тука за да обезбеди љубов и да создаде чувство на сигурност. Инстинктивно реагира на сѐ она што е во процес на формирање во другиот, што е недоволно развиено и има потреб од заштита или е во опасност. Мајката наоѓа исполнување во врските каде што е потребна заштита и помош.

љубовница4-001

Негативниот аспект на мајката вклучува аксиозност, оптоварувачка грижа, но и недостаток на верба во силата и самостојноста на другиот. Таа самата се пронаоѓа во улогата на мајка и без неа се чувствува празно и неисполнето. Таа може лесно да падне во стапицата на “живеење на туѓ живот” и занемарување на самата себе. Кога жената е свесна за својата примарна мајчинска структура, во согласност со неа ќе го регулира животот – преку брак, мајчинската активност или професија. Бракот или улогата на домот можат да го преземат и општествено корисни институции и организации.

Љубовница (хетера, жената која придружува)
Повеќе од другите видови, љубовницата е насочена кон создавање силни врски, особено со маж, на кој е целосно посветена и предадена. За разлика од мајката, во овој тип е нагласена еротската и заводливата природа на односот. Интересите, желбите и проблемите на мажите се дел од нејзиниот интерес, таа само ги стимулира. Љубовницата секогаш ќе се обидува да ги изгради врските и на целосното проживување на врската со друг, заедно со сите нејзини нијанси и длабочини.

љубовница-001

Таа врска не е без ризик. Кај љубовницата може лесно да се дојде до нерамнотежа во вреднувањето на односот. На пример, на мажот врската со жена може да биде на друго место, а кај љубовницата е обратно – сѐ друго, социјалната сигурност, кариерата, дури и личните аспирации и целите се секогаш во втор план додека акцентот е на односот, кој не е без идеализација.

Амазонка
Од сите видови на женската психа Амазонката е најслична на “машкото” разбирање на животот и светот. Многу добро ги разбира културните и социјалните вредности на своето време и многу е самодоволна. За разлика од мајката и љубовницата, таа независи од односот со маж, бидејќи нејзиниот развој не е заснован на врска. Сепак, вредностите им се слични, свртени кон објективните цели (успех во бизнисот, спортот, уметноста, раководење организација). Тоа се жени од кариера, оние кои се незаменливи во свој бизнис.

Amazon woman0-001

Тие можат да имаат нагласен натпреварувачки, ривалски дух, а своите лични проблеми ги потиснуваат или ги ставаат во втор план.
За разлика од мајките, тие немаат трпение и разбирање за она што е слабо и сѐ уште во развој.

Амазонките се, исто така, изложени на ризик од доживувања врски со луѓето како средство и скала за општествени и деловни достигнувања.

Посредничка
Јасно ги чувствува духовните струења и стремежите на своето време. Со силна интуиција е вдлабочена во психолошката атмосфера на нивната околина. Лесно продира во колективното несвесно и во состојба е да ја презентира сѐ уште неосвестената ментална содржина на другите луѓе, но и духовната атмосфера на своето време, така што и на другите да им биде корисна, видлива и разбирлива.

посреднички

Со цел да им пренесе на другите она што го гледа и чувствува, посредничката (помеѓу свесното и несвесното) мора да пронајде соодветен јазик. Тоа може да биде јазикот на уметноста, астрологијата, психологијата … Оној кој го воведува несвесното во човечкиот живот и така го заздравува и доведува до свесност.

loading...