Докажано! Мажите ги нервираат жените двојно повеќе од децата!

1026

Историјата покажала дека жените секогаш биле во поблиски односи со децата, што потекнува од времето кога мажот бил ловец кој се грижи за семејството, а жената се грижела за децата, со повремено собирање овошје и зеленчук.

Сепак, сè се променило кога жените добиле право на работа и полека со текот на времето почнале да ги заработуваат своите плати понекогаш (за жал, најчесто не!) и повеќе од мажите.

Додека на нашите баби, особено прабаби, им било сосема разбирливо да останат дома и да се фокусираат на децата, за просечната млада мајка повеќе тоа не е така.

Воспитувањето на децата не престанува да биде тешко, тоа е едноставно предизвик во секој период на растењето на свој начин, што значи дека мажите навистина би можеле да влетаат во приказната и да помогнат.

Каде се тие во целата приказна? Да се биде родител значи дека двајцата треба на подеднаков начин да влијаат на децата и со заеднички сили да ги упатат на вистинскиот пат, но и понатаму поголемиот дел од одговорноста паѓа врз мајката.

Исто така, интересно е дека мажите за жената на крајот се поголем стрес од децата, што според бројните анкети потврдиле дури 45% од мајките. Зошто?

Тоа е многу едноставно, кога ќе се одлучиме да живееме заедно ние се одлучуваме и за изградба на сето тоа во двојка, што вклучува голем број на компромиси, а повеќето од жените, на крајот, не се осмелуваат да ја прашаат другата половина дали се подготвени за таков голем чекор и промена на животниот стил.

Мажите (само некои, се разбира!) со доаѓањето на детето не се подготвени да преземат толку многу одговорност, така што сè паѓа на жената, што е за нив поголем стрес, бидејќи немаат поддршка која тие очекувале дека ќе ја добијат.

Од друга страна, мажите се бранат себеси со тоа што велат дека жените не се осмелуваат да бараат помош, но, исто така, претпоставуваат дека сите проблеми поврзани со децата можат сами да ги решат.

Секако, меѓусебното разбирање и разговорот можат да го решат секој проблем па и овој, што води до посреќен однос, но, исто така, и до целокупниот семеен живот.

loading...