Домашен ХИВ тест со помош на УСБ

964

Тим научници од лондонскиот „Импиријал колеџ“ во соработка со „ДНА Електроникс“ создадоа УСБ што за 30 минути може да направи ХИВ тест, со помош на капка крв, а резултати ги прикажува по приклучување во компјутер.

Новитетот, за којшто пишува списанието „Сајнтифик Рипортс“, се покажал доста прецизен. Биле тестирани 991 лице, а во 95 отсто од случаите, резултатите биле точни.

– Лекувањето на ХИВ последниве 20 години доста напредна. Заразените сега имаат нормален животен век. Следењето на однесувањето на вирусот во крвта е клучно за успешна терапија. Ние натаму ќе истражиме дали оваа направа може да послужи за откривање на други вирусни заболувања, на пример – хепатитисот, образложи Грејам Кук, водач на истражувачиот тим.

Резултатите од обичен ХИВ тест досега вообичаено се чекаа најмалку три дена, додека пак, новиот метод резултатите ги прикажува за само половина час.

loading...