Домаќинката е како сол – нејзиното присуство не се приметува, но нејзиното отсуство сè остава без вкус.

2281
Booking.com INT

Уморна од постојаната фраза “Но, што правиш ти по цел ден?”, жена и мајка по име Ришел Кеслбери од Флорида одлучила да напише и да објави на својот Фејсбук профил почест на сите мајки кои го подредиле својот живот на децата и на домот.

Bitcoin Exchange CEX.IO

Објавата буквално експлодирала на интернет! За кратко време добила над 640.000 допаѓања, а текстот поделен повеќе од 300.000 пати.

Можеби ви се чини дека бројот е голем, но тоа не е доволно. Овој текст треба да го прочитаат сите луѓе од целиот свет и мајките навистина да добијат почитување заради нивната голема жртва, а сѐ во корист на своето семејство и децата.

Сепак, не се согласиле баш сите со нејзината објава. Некои вработени мајки ја искритикувале Ришел, со коментар дека “Нѐ има кои сето тоа го прават, а при тоа одат и на работа”.

Сѐ започна со имагинарна ситуација во која сопругот му се жали на својот психолог дека неговата “жена не работи”:

“Со што се занимавате, г-дин Роџерс?

– Работам како сметководител во банката.

– А вашата сопруга?

– Таа не работи, таа е домаќинка.

– Кој подготвува појадок за вашето семејство?

– Мојата сопруга, бидејќи таа не работи.

– А кога сопругата станува наутро?

– Рано станува, бидејќи треба да се организира. Подготвува ручек за деца. Се грижи дали се добро облечени, дали се исчешлани. По појадокот, перење заби, па го подготвува училишниот прибор. Наутро се буди со нашето бебе на кое треба да му ја смени пелената и да го облече. Додека го дои бебето, подготвува појадок за сите.

– Како вашите деца одат на училиште?

– Мојата сопруга ги вози на училиште, бидејќи таа не работи.

– Откако ќе ги остави на училиште, што тогаш прави вашата сопруга?

– Најчесто, прво смислува што треба да направи денес, потоа оди во банка да ги плати сметките, па до продавница со бебето. А понекогаш заборава да купи нешто, па се враќа во град пак со бебето. Кога ќе се врати дома, го пресоблекува, му прави оброк, потоа повторно го дои, го успива … И додека бебето спие, оди во кујната и тргнува подготвка за ручек, перење алишта, пеглање, чистење на куќата. Но, знаете, таа не работи.

– Откако ќе се вратите дома после работа, што правите тогаш?

– Се одмарам, се разбира. Уморен сум од целодневната работа во банката.

– Чекајте, а што се случува во вечерните часови? Што прави вашата сопруга во вечерните часови?

– Ќе зготви вечера, ќе ја сервира масата, после сѐ ги мие садовите, ја средува кујната, а остатоците од храната ги дава на нашето куче. Откако им помогнала на децата околу домашната задача, таа им помага да ги облечат своите пижами, да ги измијат забите, и време е за спиење. Го избањала бебето, го пресвлекла, му дала да јаде. И тогаш таа се одмора. Затоа што, таа не мора рано стане и да оди на работа”.

Ова е дневна рутина на многу мајки низ светот, почнува во утринските часови и продолжува до ситните ноќни часови. И за тоа некој вели “таа не работи”?

Нема диплома за домаќинка, но има клучна улога во семејниот живот!

Уживајте и ценете ги вашите жени, мајки, баби, тетки, сестри, ќерки, бидејќи нивната жртва е непроценлива.

Потоа, Ришел напишала листа на сите занимања кои ги имаат мајките. Откако некој ја праша: “Дали работиш или си домаќинка?”

Таа на тоа одговорила: Јас работам како мајка дома 24 часа на ден:

Јас сум мајка,

Јас сум жена,

Јас сум ќерка,

Јас сум аларм,

Јас сум готвачка,

Јас сум слугинка,

Јас сум мајстор,

Јас сум келнерка,

Јас сум дадилка,

Јас сум медицинска сестра,

Јас сум физички работник,

Јас сум чувар,

Јас сум советник,

Јас сум тешителка,

Јас немам годишен одмор,

Немам дозвола за болест,

Немам слободен ден,

Јас работам ноќе и дење,

Постојано сум на должност,

Но, не примам платата.

Но, повторно, често ја слушам фразата: “Што правиш ти по цел ден?”

Домаќинката е како сол – нејзиното присуство не се прометува, но нејзиното отсуство остава сè без вкус.

Booking.com INT Bitcoin Exchange CEX.IO
loading...